Оџаклиеска во посета на општина Свети Николе

sveti nikoleДенес заменик министерката Христина Оџаклиеска оствари средба со градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски. На состанокот се разговараше за потребата од зајакнување на општинските капацитети и соработката помеѓу локалната и централната власт со цел доследно да се исполнат законските обврски за заштита на животната средина.

Постигнат е напредок во воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и искористувањето на обновливите извори на енергија.