Одржлив развој и користење на обновливи извори на енергија за поголема енергетска ефикасност и здрава животна средина

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска оствари работна средба со професорката на Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Билјана Анѓушева, на која разговараа за начините како да го забрзаме користењето на обновливите извори на енергија во насока на постигнување на поголема енергетска ефикасност и почиста животна средина.

1

Притоа, Оџаклиеска истакна дека треба одговорно да ги следиме целите за одржлив развој, кои претставуваат фундаментална цел и на Европската Унија, и затоа сите чинители во општеството треба да ги препознаат долгорочните придобивки од пронаоѓање на балансот помеѓу профитот, одржливиот развој, обновливите ресурси на планетата и здравите поколенија.

Оџаклиеска и Анѓушева на состанокот се согласија и дека треба да се намали искористувањето на ограничените ресурси на планетата како што се минералните суровини, кои како големи загадувачи на водите, почвата и воздухот, имаат огромно негативно влијание врз природата, и воедно бизнисите да се сконцентрираат на обезбедување енергија од обновливи извори што ќе овозможи зачувување на животната средина, ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните, а истовремено ќе ја поттикне енергетската независност на нашата држава.

Неодамна, МЖСПП и Технолошко-металуршкиот факултет потпишаа Меморандум за соработка со кој двете институции ја изразија подготвеноста за продлабочување на соработката во полето на заштитата на животната средина.