Одбележана 120 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев

Како членови на владината делегација, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу се поклонија и положија цвеќе пред саркофагот на големиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Со тоа ја одбележаа 120 годишнината од загинувањето на овој голем идеолог – синоним за народна борба за слобода, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Одбележана 120 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце ДелчевПочит на великанот дадоа и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегаците на Собранието, на Министерството за одбрана, на Армијата, на Сојузот на борците, на Македонската академија на науките и уметностите, на Град Скопје, на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и други почитувачи на делото на Гоце.

6Со пригодна богослужба за помен на мртвите чиночествуваше архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Г.Г. Стефан.

3 (10)