Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на отварењето на воведната работилница на национало ниво за новиот регионален проект „ЕУ за зелено опоравување: Поддршка на имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан“ финансиски поддржан од Европската Комисија.
Во обраќањето Нуредини изрази благодарност до ЕУ за поддршката, особено во спроведувањето на Зелената Аганда и амбициозните национални цели за намалување на климатските промени што покрај добра стручна подготвеностбараат и многу финансиски средства.
Зелената агенда за Западен Балкан го поттикнува зелениот раст на Западен Балкан и економската конвергенција со ЕУ на државите од овој регион, преку поддршка во нејзината имплементација, во позеленување на нивните економии и во подобрување на мониторингот и известувањето, во консултација со сите релевантни партнери. При тоа акцентот е ставен на неколку области – Декарбонизација: клима, енергија, мобилност, Дезагадување: воздух, вода и почва, Биодиверзитет:заштита и реставрација на екосистемите, Циркуларна економија и Одржливо земјоделство и производство на храна.
Проектот е регионален и ги вклучува Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, ќе се спроведува во период 2022 – 2025 година, а имплементатор е Агенција за животна средина на Австрија. Вредноста на проектот е 11 милиони евра.
На воведната национална работилница се обратија и австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас, претставници од ЕУ Делегација како и претставници на Австриската агенција за животна средина.