НУРЕДИНИ: Со паметни инвестиции заштитата на животната средина и успешното работење се возможни

Poseta_MakstilМинистерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ја посети компанијата Макстил како еден од најголемите индустриски капацитети во државата, при што се запозна со инвестициите во напредните технологии со кои се намалуваат емисиите на прашина во воздухот, односно се врши максимално намалување на влијанието на производниот процес врз амбиенталниот воздух.

-Макстил по исполнувањето на обврските согласно оперативниот план, ја доби својата А-интегрирана дозвола во август минатата година, и ние сме денеска тука за да ги видиме дополнителните инвестиции остварени од страна на компанијата по добивањето на дозволата – изјави министерот Нуредини, нагласувајќи дека ова е пример како компаниите преку инвестиции во модернизирање на комплетниот производен процес, можат да го подобрат работењето, а истовремено и да ги постигнат стандардите за заштита на животната средина.

При тоа, Нуредини од страна на менаџментот на Макстил беше запознат со начинот на кој се исполнуваат барањата согласно насоките од страна на МЖСПП за заштита на животната средина. Се разговараше за можностите за подобро функционирање на воведената пракса на јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци, со нивна презентација во живо, на часовно или дневно ниво.  Министерот Нуредини укажа дека тоа е нешто што дополнително ќе биде регулирано и со транспонирањето на директивите за квалитет на воздухот и индустриски емисии, на кои веќе се работи во Министерството, а размената на податоци и мониторингот е дел и од Законот за индустриски емисии кој треба да биде завршен во јуни годинава.

Poseta_Makstil_1Тема за дискусија беа и плановите на компанијата за употреба на отпадот од производните процеси, за троската и начините на кои таа може да се третира како секундарна суровина, што е во насока на новите закони за отпад кои МЖСПП веќе ги предложи до Собраниетона РСМ.

Макстил го презентираше и веќе започнатиот процес на калкулации на емисиите на стакленичките гасови од нивните процеси, ги презентираше методологиите за мониторинг и верификација на кои работат за следење на нивниот јаглероден отпечаток, што пак е дел од регулативата која Министерството ја развива во рамките на подготовката на Стратегијата и законот за климатска акција.

Министерот Нуредини потврди дека Макстил е добар пример како компаниите самоиницијативно се подготвуваат и се прилагодуваат кон построгите еколошки стандарди и ги охрабри и другите индустриски капацитети, со време да вложуваат во рамките на своите планови за подобрување и корпоративна општествена одговорност, бидејќи со паметни инвестиции заштитата на животната средина и успешното работење се возможни.