НУРЕДИНИ: Подготвени сме бидеме дел од регионалното решавење на прашањата за животната средина

Delfi ekonomski forum_1Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги претстави националните политики во областа животна средина  со посебен разговор  пред меѓународниот аудиториум  во рамките на Делфи Економскиот Форум, кој започна денеска во Грција.

Во излагањето Нуредини даде осврт на климатските промени како најважен глобален предизвик и одговорот на Северна Македонија во оваа насока, чекорите кои ги презема Владата за намалување на стакленичките гасови, аерозагадувањето и управувањето со отпадот како приоритетни области.

Нуредини ги истакна и можностите за искористување на преодот на одржливиот економски модел како двигател на економскиот развој и потребата за регионална соработка и стратешки пристап во исполнувањето на целите на Зелената Агенда.

На маргините на форумот Министерот оствари средби со поранешниот премиер на Р. Грција Џорџ Папандреу, со господинот Џорџ Кремлис, прв советник на грчкиот премиер за енергетика, клима, животна средина и циркуларна економија и директорот на ЕПЛО Институтот за одржлив развој, Спирос Кувелис.

- Регионалниот пристап во спроведувањето на заштитата на животната средина, обезбедувањето на енергетската сигурност и климатската акција се неопходни за постигнувањето на зацртаните цели во најкус можен рок. Соработката со нашите соседи и партнери е најлесниот начин за праведна и успешна зелена трансформација – истакна министерот Нуредини.