НУРЕДИНИ: Одржливата инфраструктура е основа за зазеленување на економијата

Во текот на вториот ден од 9-тата Министерска конференција за животна средина за Европа министерот Нуредини имаше обраќање на пленарната седница и на тркалезната маса посветена на Позеленување на економијата во паневропскиот регион: работа кон одржлива инфраструктура.Nuredini_Ministerska konferencija

Зазеленувањето на економијата се повеќе станува стратешки приоритет за владите ширум светот. Во обид да се промовира зелената економија во паневропскиот регион, Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и со други клучни актери како што се Организацијата за економска соработка и Развој (ОЕЦД) и Европската агенција за животна средина, ја развија Паневропската Стратешка рамка за позеленување на економијата во која одржливата инфраструктура игра важна улога.

Во своето обраќање Нуредини зборуваше за предизвиците за воспоставување на одржлива инфраструктура и за најзначајните бариери за планирање и извршување на одржливи инфраструктурни решенија во регионот на Западен Балкан, но и за иновативните решенија и најдобрите практики во областите на планирање, финансирање и имплементација.

-           Зелената агенда за Западен Балкан е нова стратегија за раст за регионот, ориентирајќи се од традиционалниот економски модел кон одржлива економија, во согласност со Европскиот зелен договор. Тој е вграден во Економскиот и инвестицискиот план, кој има вистински трансформативен потенцијал и има за цел да го поттикне долгорочното закрепнување на Западен Балкан и нивната економска конвергенција со ЕУ – рече Нуредини.

За надминување на потребата од финансии Нуредни како посочи дека е потребно зајакнување на капацитетите за развој на проектна линија на ниво на регион што ја зголемува можноста за привлекување на потенцијални финансиери и го олеснува   финансирањето.