Нуредини: Кога станува збор за климатските промени, никој не е посвесен и никој не е позасегнат од младите

Министерот Нуредини учествуваше на дебата посветена на глобалното затоплување и младите што денес се одржа во организација на Фондацијата Метаморфозис, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје, на тема: „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината? “

metamorfozis

- Справувањето со климатските промени е од клучно значење за да се отвори патот кон одржлива иднина и со повеќе од 1,8 милијарди млади луѓе во светот, младите се клучни чинители во климатските активности – рече Нуредини, потенцирајќи дека кога станува збор за климатските промени, никој не е посвесен и никој не е позасегнат од нив.

Од таа причина МЖСПП направи големи напори да обезбеди учество на јавноста, но особено вклучување на младите во процесот на развој на стратешките документи и планови за климатски промени. Се посвети големо внимание во обезбедување на широко партиципаторско учество со користење на модерни, дигитални и конвенционални методи, спроведување на работилници, гејмифицирани консултации, а креирана е и посебна платформа за младите, активистите, граѓанските организации итн.

На настанот дебатираа и претставници на граѓанскиот сектор како и двајцата младински делегати што ја претставуваа Северна Македонија на настанот „Младите за климата- Предводници на амбицијата“ којшто претходеше на 26-тата Конференција за климатски промени (КОП 26) во Глазгов.