Нуредини и Димитров на 5-тиот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за животна средина во рамките на ИПА II

Sostanok_Nuredini_Dimitrov_1Во фокусот на денешниот 5-ти состанок на Секторскиот мониторинг комитет за животна средина во рамките на ИПА II беше повеќегодишната оперативна програма за 2014-2020 во секторот животна средина и климатски акции. Станува збор за портфолио од 47 проекти и приближно 135 милиони евра ИПА средства кои државата треба да ги искористи, а проектите да ги стави во функција најдоцна до 2025 година. Разгледан беше напредокот во спроведување на проектите за изградба на колекторски систем во Скопје, изградба на пречистителни станици за третман на отпадни води во Битола и Тетово, проширување на канализациската мрежа во Кичево, изградба на интегрален систем за третман на цврст отпад во источниот и северноисточниот регион, како и проекти кои помагаат во процесот на хармонизација на македонското законодавство со европското acquis.

Изрзазувајќи благодарност за поддршката што ја добиваме од Европската Унија, посебно за финансиската помош обезбедена со ИПА програмата, министерот Нуредини во своето обраќање ја истакна подготвеноста на Министерството за вложување на максимални напори во реализација на започнатите проекти нагласувајќи дека со овие инвестиции не само што ќе се заштити животната средина, туку, исто така, ќе се унапреди квалитетот и стандардот на животот на нашите граѓани. Со состанокот претседаваше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и според неговите зборови, со објавувањето на новите иницијативи од Европската Унија, Европскиот и инвестициски план, како и Зелената агенда за земјите од Западен Балкан станува јасно дека времето на комфорност заврши и дека имаме огромна шанса преку ЕУ фондовите да ги обезбедиме европските стандарди во нашето секојдневие. При то како што спомена тој, фокусот е чистиот воздух, чиста вода за пиење, третман на цврст отпад, заштита на биодиверзитетот и обезбедување на подобар и здрав живот за македонските граѓани.