Новиот Закон за просторно планирање е во напредна фаза на изработка

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска, учествуваше на состанокот на претставниците на Секторот за просторно планирање при МЖСПП со претставниците од Македонското еколошко друштво и професорите од Архитектонскиот и Шумарскиот факултет при УКИМ, на кој се дискутираше за напредокот во изготвувањето на новиот Закон за просторно планирање.Zakon za prostorno planiranje

Заменик министерката Оџаклиеска, на состанокот изрази задоволство што изработката на законот е во напредна фаза, како и од соработката со МЕД и со експертите – При тоа Оџаклиеска ја потенцираше важноста од инкорпорирањето на концептот на зелена инфраструктура во законското решение.