Нацрт – Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел

  Врз основа на член 92 став (2), а во врска со член 96 став (3) од Законот за заштита на природата („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на ______________донесе
Одлука

за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ


Член 1

Со оваа одлука се прогласува дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, зарадиразновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики,пејзажните, пределните и други вредностии природни убавини.

Член 2

Називот на заштитеното подрачје е „Заштитен предел – Малешево“.


Член 3

Категоријата на заштитеното подрачје e Категорија V- Заштитен предел.

 

Член  4

Со прогласувањето на Заштитен предел ,,Малешево”се овозможува:

- зачувување на автентичната состојба на природатапреку заштита на природните и други вредности;

- спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите;

-  создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство;

-  одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

 

II. ГРАНИЦИ НА РАСПРОСТРАНУВАЊЕ

Член  5

(1) Границата на „Заштитен предел – Малешево“ почнува на север од место викано (м.в.) Понорница во кота 1577 метри н.в., која што се наоѓа на самата границa помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Потоа границата се спушта на југозапад до изохипса од 1500 метри н..в и продолжува кон југ следејќи ја изохипсата се до м.в. Понорница.

Од овде границата следејќи го патот се спушта кон запад до 1400 метри н.в. и следејќи ја суводолицата ја сече Блатечка река на 1280 метри н.в.

Од овде на југ по суводолицата  границата се искачува до м.в. Обајата од каде што по суводолицата се спушта во Виничка река и ја сече во непосредна близина на шумскиот пат на 1260 метри н.в.

Границата ја следи Виничка река низводно во суводолицата од каде што по сувдолицата се искачува на кота 1551 метри н.в.

Потоа границата продолжува на југ спуштајќи се по сртот до 1400 метри н.в. и ја следи оваа изохипса кон југ и на 1400 метри н.в. ја сече реката Желевица.

Од овде границата продолжува на југ по суводолицата до 1650 метри н.в. под врвот Орловец, кадешто свртува кон запад и оди до кота 1376 метри н.в.

Границата потоа се спушта во југозападен правец и ја сече Негревска река во спојувањето на двата потоци кој што ја прават Негревска река, од каде границата свртува кон југ по сртот и се качува на кота од 1384 метри н.в., а потоа и на кота 1409 метри н.в.

Следејќи ја патеката границата продолжува кон југ заобиколувајќи го м.в. Јудови Ливади на 1400 метри н.в. и се спушта кон југ по суводолицата под кота 1332 метри н.в. и ја сече Пехчевска река на 1040 метри н.в.

Границата го следи шумскиот пат кај м.в. Скалите и врти на југ во близина на м.в. Градиште и минува низ кота 1396 метри н.в, а потоа низ кота 1332 метри н.в. и по сртот продолжува на југ минувајќи низ кота 1243 метри н.в. и кота 1175 метри н.в.

Од таму границата се спушта по сртот до река Брегалница и ја следи реката по нејзиниот тек кон југозапад се до вливот на потокот Чардаџиски андак во реката Брегалница, од каде границата почнува да го следи потокот Чардаџиски андак до првата суводолица и следејќи ја суводолицата се искачува на кота од 1353 метри н.в. кај м.в. Црн Галов Чукар, од каде што по сртот и патеката границата продолжува да се движи во правец југоисток најпрво до кота 1352 метри н.в., а потоа до кота 1404 метри н.в.

Од таму границата продолжува на исток по шумскиот пат до кота 1490 метри н.в. кај м.в. Пецов Чукар.
Границата оттаму го менува правецот и по сртот се упатува кон југозапад до кота 1437 метри н.в. и продолжува до кота 1353 метри н.в. кај м.в. Драколов Чукар од каде што границата го следи патот кој оди по сртот кон југ и минува низ кота 1307 метри н.в. и по истиот пат се спушта до кота 1182 метри н.в. кај м.в. Белен.

Границата следејќи го патот се спушта на Клепалска Река и го следи асфалтниот пат кој што води до Беровско Езеро.

Границата го заобиколува Беровското Езеро од неговата источна страна и минува низ м.в. Пипонски Лаки од каде што продолжува на југозапад покрај м.в. Шабански Преслап минувајќи низ кота 1117 метри н.в., од каде што по сртот се искачува прво до м.в. Лешки, а потоа и до м.в. Рабаџиов Чукар на 1299 метри н.в.

Од таму границата го следи патот кој води кон југ минувајќи низ кота 1339 метри н.в. и стигнува до м.в. Бабин Чукар и продолжува на југоисток по сртот до м.в. Манов Чукар (1399 метри н.в.)

Следејќи го сртот границата продолжува кон исток до м.в. Шуманова Чука, а потоа и до кота 1311 метри н.в., од каде продолжува кон североисток до м.в. Коловски Чукар (1358 метри н.в.) и по патот се упатува кон север до м.в. Влаов Чукар (1356 метри н.в.), продолжувајќи кон исток по шумскиот пат до кота 1366 метри н.в., која што се наоѓа на границата помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и од овде границата на заштитеното подрачје ја следи нацоналната граница кон север и завршува во кота 1577 метри н.в. кај м.в. Понорница.

(2) Вкупната површина на „Заштитен предел – Малешево“ изнесува  11460.89 хектари.

(3) Картографскиот приказ со границите на „Заштитен предел–Малешево“ е даден во Прилог1 кој е составен дел на оваа одлука.

 

 

III.РЕЖИМНАЗАШТИТА

Член  6

(1)   Во „Заштитен предел – Малешево“ се востановуваат следните зони:

-          Зона за строга заштита;

-          Зона за активно управување  и

-          Зона за одржливо користење.

(1)   Картографскиот приказ со границите на зоната за строга заштита, зоната за активно управување и зоната за одржливо користење на Заштитен предел  - Малешевое даден  во Прилог 2, кој е составен дел на оваа одлука.

 

Член 7

(1)  Зона за строга заштита (во натамошниот текст: ЗСЗ) претставува дел од заштитеното подрачје со највисок интерес за заштитата, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики.

(2) Зоната за строга заштита зафаќа најмала површина од заштитеното подрачје и истата е поделена на 14 помали локалитети со следните површини:

ЗСЗ01 – Локалитет – (Кадиица) со површина од 42.60 хектари;

ЗСЗ02 – Локалитет – (Трешчен Камен) со површина од 13.26 хектари;

ЗСЗ03 – Локалитет – (Пехчевска Река) со површина од 116.47 хектари;

ЗСЗ04 – Локалитет – (Еленско Блато) со површина од 13.17 хектари;

ЗСЗ05 – Локалитет – (Требомирска Река) со површина од  41.10 хектари;

ЗСЗ06 – Локалитет – (Крива Река – Љутачка Река) со површина од 14.49 хектари;
ЗСЗ07 – Локалитет – (Бојчова Ливада) со површина од 1.34 хектари;

ЗСЗ08 -Локалитет – (Мљечначка Река-Стредњачка Река) со површина од 5.64 хектари;

ЗСЗ09 – Локалитет – (Ченгино Кале) со површина од  7.58 хектари;

ЗСЗ10 – Локалитет – (Извори на Брегалница) со површина од 107.25 хектари;

ЗСЗ11 – Локалитет – Пецов Чукар (Дупев Андак) со поврпина од 34.12 хектари;

ЗСЗ12 – Локалитет – Мурите со површина од 74.34 хектари;

ЗСЗ13 – Локалитет – Амбариска Река со површина од 21.98 хектари;

ЗСЗ14 – Локалитет – Заменичка Река со површина од 26.94 хектари.

(3) Вкупната  површина  на зоната на  строга  заштита на „Заштитен предел – Малешево“ изнесува 520,27 хектари или 4,54% од вкупната површина на заштитеното подрачје.

(4) Во зоната за строга заштита не треба да се спроведуваат активности со кои се загрозува изворноста на природата и нарушува природната рамнотежа.

(5) Заради одржување на карактеристиките на зоната за строга заштита субјектот надлежен за управување со  заштитеното подрачје е должен да обезбеди постојан мониторинг.

(6) Во зоната за строга заштита дозволени се научно-истражувачки активности согласно член 24 од Законот за заштита на природата доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на подрачјето,  по  претходно добиена дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата во соработка со субјектот надлежен за управување со заштитеното подрачје.


Член 8

(1) Зоната за активно управување (во натамошниот текст: ЗАУ) претставува зона од висок интерес за заштита, во која се потребни управувачки интервенции со цел реставрација, ревитализација или рехабилитација на живеалиштата, екосистемите и другите елементи од пределот.

(2) Зоната на активно управување се наоѓа околу површините на зоната за строга заштита и истата е поделена на 10 одделни локалитети со следните површини.

ЗАУ01 – Локалитет – (Кадиица) со површина од 304.78 хектари;

ЗАУ02 – Локалитет – (Еленско Блато) со површина од 85.80 хектари;

ЗАУ03 – Локалитет – (Требомирска Река) со површина од 4.00 хектари

ЗАУ04 – Локалитет – (Крива Река – Љутачка Река) со површина од 23.18 хектари;

ЗАУ05 – Локалитет – (Бојчова Ливада) со површина од 5.59 хектари;

ЗАУ06 – Локалитет – (Мљечначка Река – Стредњачка Река) со површина од  17.70 хектари;

ЗАУ07 – Локалитет – (Ченгино Кале) со површина од 113.49 хектари;

ЗАУ08 – Локалитет – (Мурите) со површина од  60.37 хектари;

ЗАУ09 – Локалитет – (Амбариска Река) со површина од 39.99 хектари;

ЗАУ10 – Локалитет – (Заменичка Река) со површина од 67.70 хектари.

(3) Вкупната површина на зоната за активно управување изнесува 722,61 хектари или 6,31% од вкупната површина на заштитеното подрачје.

(4) Во зоната за активно управување може да се вршат активности на управување кои се однесуваат на манипулирање со живеалишта и со видови.
(5) Во зоната за активно управување дозволено е спроведување на активности кои немаат негативно влијание на примарната цел на заштита на „Заштитен предел-Малешево“ како екотуризам и традиционално екстензивно земјоделство и активности кои се вршат согласно Планот за управување со „Заштитен предел –Малешево“.

 

Член 9

(1) Зоната за одржливо користење (во натамошниот текст: ЗОК) претставува значителен дел од заштитеното подрачје која не поседува високи вредности за заштитата, каде што се наоѓаат инфраструктурни објекти, објекти на културното наследство, типови на шумски насади коишто не се карактеристични за подрачјето, како и населени места со околното земјоделско земјиште.

(2) Зоната за одржливо користење не е поделена на помали локалитети и претставува интегрална целина, која зафаќа површина од 10218,02 хектари или 89,16% од површината на заштитеното подрачје.

(3) Во зоната за одржливо користење дозволени се активностите од зоната за строга заштита од член 7 од оваа одлука и зоната за активно управување од член 8 од оваа одлука, како и активности кои се дозволени согласно Планот за управување со „Заштитен предел -Малешево“.

 

IV.  УПРАВУВАЊЕ

Член 10

Со „Заштитен предел – Малешево“  управува Јавното Претпријатие за стопанисување  со државни шуми ,,Национални Шуми”, со потполна одговорност – Скопје.

Член 11

Јавното Претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Национални Шуми”, со потполна одговорност – Скопје е должно на територијата на „Заштитен предел – Малешево“ да ја спроведува заштитата на природното наследство преку:

-        воспоставување режим на заштита на заштитеното подрачје;

-        преземање мерки за заштита на утврдените зони во заштитеното подрачје;

-        изработка и донесување на Планови за управување со заштитен предел согласно член 85 од Законот за заштита на природата и Годишни програми за заштита на природата,согласно член 98 од Законот за заштита на природата;

-        мониторинг на состојбата со природните вредности;

-        спречување на штетни активности од физички и правни лица во заштитеното подрачје, односно обезбедување максимално поволни услови за заштита и унапредување на природата;

-        заштита и зачувување на природните живеалишта од национално и меѓународно значење;

-        заштита и зачувување на билошката разновидност од национално и меѓународно значење;

-        заштита и зачувување на пределската разновидност;

-        заштита и зачувување на специфичните геоморфолошки форми;

-        утврдување на компонентите на биолошката и пределската разновидност и идентификација на заканите;

-        водење евиденција и документација за природните вредности на заштитеното подрачје  (изработка на инвентар за живеалишта, диви видови, геодиверзитет и предели)

-        одржливо користење на природното богатство во интерес на сегашниот и идниот развој;

-        создавање услови за развој на туризмот во согласност со принципот на одржлив развој;

-        остварување на културни, научни, образовни и рекреативни цели, кои во исто време ја одржуваат природната состојба на заштитниот предел;

-        поттикнување на научно-истражувачката работа преку проучувања и истражувања на природните вредности, кои се од интерес за заштита на заштитеното подрачје;

-        издавање на информативен и пропаганден материјал за природните вредности на заштитеното подрачје;

-        подигање на јавната свест, особено во воспитно-образовниот процес за заштита на заштитеното подрачје и

-        вршење на други работи кои придонесуваат за заштита на природните вредности на заштитеното подрачје.

 

V.ЧУВАРСКА СЛУЖБА

Член 12

Непосредната заштита на „Заштитен предел – Малешево“ ја спроведува чуварска служба, формирана од Јавното Претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Национални Шуми”, со потполна одговорност – Скопје, согласно член 108 од Законот за заштита на природата.

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 13

Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Национални шуми”, Скопје во рок од еден месец од денот на влегување во сила на оваа одлука, на својата веб страница ја објавува картата со надворешни и внатрешни граници (зони) со ГПС координати во Државен координатен систем, за Заштитен предел-Малешево.

 

Член 14

(1) Планот за управување со Заштитен предел – Малешево се донесува во рок од една година од влегувањето во сила на оваа Одлука.

(2) До донесување на Планот за управување од став (1) од овој член, Jавно претпријатие „Национални шуми“, Скопје подготвува годишна програма за заштита на природата во рок од три месеци од денот на влегување во сила на овaа одлука.

(3) До донесувањето на Планот за управување од ставот (1) на овој член активните економски субјекти на подрачјето на Заштитен предел – Малешево, продолжуваат да гивршат активностите во согласност со претходно добиените дозволи, лиценци, склучените договори и/или утврдените планови за работа, во соработка со Јавното Претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Национални Шуми”, Скопје.

 

Член  15

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник” на Република  Северна Македонија.

 

Бр./Nr.________

Претседател на Владата на Република Северна Македонија/Kryeministri i Republikës së Maqedonisë së Veriut

Зоран Заев, c.р

__.__.2021година
Скопје/Shkup

    Картографски приказ со границите на Заштитен предел – Малешево

Картографски приказ со границите на Заштитен предел – Малешево

 

 

Картографски приказ со границите на зоната за строга заштита, зоната за активно управување и зоната за одржливо користење на Заштитен предел – Малешево

Картографски приказ со границите на зоната за строга заштита, зоната за активно уп

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Согласно член 187 став 1 од Законот за заштита на природата  (“Службен весник на РМ” бр. 67/04,14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15,39/16 и 113/18)., Министерството за животна средина и просторно планирање (во понатамошниот текст: МЖСПП)  има обврска да изврши ревалоризација на заштитените подрачја, и да изготви нови акти за прогласување, во согласност со одредбите на овој закон.

Согласно член  92 став 2 од овој закон, категоријата V – заштитен предел се прогласува за заштитено подрачје со одлука на Владата на Република Северна Македонија.

За оправданоста од прогласувањето на дел од Малешево за заштитено подрачје согласно Законот за заштита на природата изработена е Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел-Малешево.

Студијата е подготвена од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД), во рамките на  Програмата за зачувување на природата (ПЗП) во Северна Македонија – фаза 2,

проект на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од Фармахем од Скопје во соработка со Министерство за животна средина и пшросторно планирање (МЖСПП) како главен партнер на проектот и корисник на резултатите од истиот.

Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел-Малешево е изготвена согласно член 92 став (5) од Законот за заштита на природата и Правилникот за содржината на студијата за валоризација и ревалоризација на заштитени подрачја (Службен весник на РМ. бр. 26/2012).

Од страна на општините Берово и Пехчево до Министерството за животна средина и просторно планирање доставени се дописи (бр. 11-1846/1 од 26.03.2021 и 11-1845/1 од 26.03.2021) со иницијатива за прогласување на заштитено подрачје Малешево заедно со Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел-Малешево. Иницијативата за прогласување на заштитено подрачје Малешево е поткрепена со Одлука за давање согласност за отпочнување на процедура за прогласување на заштитено подрачје „Малешево“,

донесена од Советот на Општина Пехчево (бр.08-1593/1 од 21.12.2020) и Одлука за усвојување на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на заштитено подрачје „Малешево“, донесена од Советот на Општина Пехчево (бр.08-1592/1 од 21.12.2020), како и Одлука за давање согласност за отпочнување на процедура за прогласување на заштитено подрачје „Малешево“, донесена Советот на Општина Берово (бр.09-4318/1 од 29.12.2020) и Одлука за усвојување на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на заштитено подрачје „Малешево“, донесена од Советот на Општина Берово (бр.09-4317/1 од 29.12.2020).

Иницијативата е поткрепена и со Одлука за давање согласност за отпочнување процедура за прогласување на заштитени подрачја Осоговски Планини и Ченгино Кале донесена од страна на Советот на Источно плански регион  (бр. 02-142/1 од 25.04.2018).

Согласно Законот за заштита на природата, МЖСПП врз основа на иницијативата за  прогласување на заштитено подрачје Малешево и Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел-Малешево доставени од општините Берово и Пехчево, изготви Информација за потребата од прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел  и истата ја достави на мислење до релевантни државни институции. По добивање на мислењата, МЖСПП до Владата достави информација заедно со Одлуката за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.

Владата на Република Северна Македонија на Осумдесет и седмата седница, одржана на 13 јули 2021 година ја разгледа и усвои Информација за потребата од прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел и ја донесе Одлуката за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел и го задолжи МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел инајдоцна до крајот септември 2021 година да го достави на усвојување до Владата.

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, и во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, кои се воспоставуваат заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.

Предлог зоната за строга заштита зафаќа 520.27 хектари или 4.54% од вкупната површина на предлог заштитеното подрачје. Предлог зоната за активно управување зафаќа вкупно површина од 722.61 хектари или 6.31% од вкупната површина на предлог-заштитеното подрачје.

Предлог зоната за оджливо користење зафаќа површина од 10218.02 хектари или 89.16% од вкупната површина на предлог-заштитеното подрачје Малешево.

Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе кон унапредување на имплементација на Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD) и другите конвенции за заштита на природата (Bern, CITES, Bonn, Ramsar и др.), прогрес во исполнување на целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновиднос со Акциски План за период (2018-2023), прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, унапредување на прекугранична соработка во областа на заштита на природата со Република Бугарија, развој на екотуризмот и локалната економија и др.

Малешевските Планини се потенцијално Натура 2000 подрачје идентификувани во сливот на река Брегалница, каде во периодот 2018-2021 година беа утврдени приоритетни типови живеалишта и приоритетни видови според ЕУ Директивата на живеалишта (Анекс I и Анекс II).

Малешевските Планини се вклучени во Националната Емералд мрежа, која претставува мрежа на подрачја  од посебен интерес за зачувување кои Република Северна Македонија ги идентификуваше согласно обврските и критериумите кои произлегуваат од Бернската конвенција во периодот од 2002-2008.

Во подножјето на Влаина Планина, во близина на Пехчево се наоѓа локалитетот Јудови Ливади, подрачје во кое е идентификувано значајно растително подрачје (ПЗР) во 2004 година, поради присуство на растителни видови со меѓународно значаење.

Mалешевските Планини и Влаина се дел од Европскиот зелен појас, иницијатива на Светската унија за заштита на природата (IUCN) за прекугранична соработка за заштита на природата/биолошката разновидностl и унапредување на развојот на локалните заедници

Малешевските Планини се идентификувани во рамките на Пан-европската еколошка мрежа за југоисточна Европа (PEEN SEE) како важен коридор за движење на дивите растителни и животински видови.

Поедини видови на растенија, габи и животни регистрирани на Малешево имаат национален и меѓународен режим на заштита. Дел од видовите се вклучени во прилозите на меѓународните конвенции, ратификуванни од нашата држава како што се Бернска, Вашнгтонска и Бонска Конвенција, потоа на прилозите на ЕУ директивите за живеалишта и птици, ЕУ Регулативата за регулирање на трговија со загрозени диви растенија и животни. Дел од дивите растенија, габите и животните се ретки, а поедини видови претставуваат национални и балкански ендемити.

Природни  вредности на заштитеното подрачје „Заштитен предел – Малешево“

 

-          Геодиверзитет

Билата и врвовите на наведеното подрачје се релативно хомогени, воедначени и слабо морфолошки изразени,Во поширокото подрачје на Малешевските Планини и Кадиица се истакнуваат неколку позначајни локалитети од аспект на геодиверзитетот:

1. Локалитет „Ченгино Кале“ (со двете езерца и извориштето на Брегалница),

2. Клисура на Брегалница спротиводно од месноста Абланица со Пехчевските водопади, Локалитет „Палеовулканската купа Буковик“

3. Локалитет „Кадиица“,

-          Хидрографија

Геолошкиот состав, климата и  вегетацијата условуваат во Малешево да има голем број извори, меѓутоа со мала издашност. Поради влијанието на тектониката, долината на Брегалница и нејзините притоки (Пехчевска Река, Желевица) се доста длабоко всечени во планинскиот масив.Должината на речната мрежа во опфатот на Влаина и Малешевски Планини изнесува 545 km.

Од сите водотеци кои инаку се притоки на реката Брегалница само 4 се подолги од 10 km и тоа: Брегалница (16 km), Желевица (15,5 km)

Пехчевска Река (13,5 km) и Панчаревска Река (10 km). Брегалница е најголема река во областа и втора по должина (225 km) во Република Северна Македонија. Изворишната челенка е мошне развиена, а за главен извор се смета изворот што се наоѓа под Ченгино Кале на кота од 1720 m. Во контактната зона на предлогот за заштита се наоѓа браната Ратево или Беровско Езеро.

 

-          Почва

На Малешевските Планини и Влаина се застапени повеќе типови на почви. Најраспространети почви се ранкерите кои се јавуваат на повисоките делови на Влаина и Малешевски Планини. Камбисолите или кафеавите шумски почви главно се распространети во густите шумовити планински подрачја.

 

-          Клима

Северозападните пониски делови (од 1000-1200 m н.в.) имаат просечна годишна температура од околу 10ºС. Истата со височина опаѓа, така што помеѓу Ченгино Кале и Кадиица се спушта до 4-5ºС. Апсолутните најниските температури може да се спуштат до -26ºС (во Берово и до -31ºС) што е меѓу најниските вредности во државта. Во летниот период пак, максималните температури може да се искачат до дури 38ºС,

така што апсолутната годишна температурна амплитуда достигнува 70ºС. Во однос на врнежите, Малешево лежи помеѓу посушното Делчево (570 mm) и повлажното Берово (677 mm), меѓутоа на значително поголема надморска височина.

Според користените климатски модели, со височината врнежите се зголемуваат (просечно 15-25 mm / 100 m) и во највисоките делови околу Ченгино Кале и Кадиица, просечно годишно достигнуваат околу 850 mm.

 

-          Екосистеми и живеалишта

На подрачјето на Малешево се регистрирани девет природни и полуприродни екоситеми. Најголема површина зафаќаат шумските екосистеми со 81,7%. Следни по значење се планинските тревести екосистеми (12,61%), планинските грмушести екосистеми (4,22%) и планинските блата и тресетиша (1,24%).

Валоризацијата на живеалиштата/хабитатите присутни на просторот на Малешево е извршена според Додаток I од ЕУ Директивата за живеалишта,. На поширокото подрачје на Малешево (Малешевски Планини и Влаина) регистрирани се следните 16 живеалишта;

4060: Алпски и бореални врштини

*6220: Псевдостепи со треви и едногодишни растенија од Thero-Brachypodietea

62D0: Оромезиски ацидофилни пасишта

6430: Хидрофилни рабни заедници на високи зелјести растенија од низинските и монтаните до алпските појаси

6520: Планински ливади

6540 Субмедитерански тревни површини со Molinio-Hordeion secalini

7140: Преодни мочуришта и блатни тресетишта

8220: Силикатни карпести падини со хазмофитска вегетација

*91D0 Шумски тресетишта (*Bog woodland)

*91E0: Алувијални шуми со Alnus glutinosa и Fraxinus excelsior(Alno-Padion, Alnion incanae, Salicion albae)

9110: Ацидофилни букови шуми

9150: Средноевропски варовнички букови шуми од Cephalanthero-Fagion

91M0: Панонско-балкански шуми со цер и даб горун

91W0: Мезиски букови шуми

9270: Хеленски шуми со Abies borisii-regis

91CA: Родопски и балканска белоборови шуми

Живеалиштата означени со ѕвездичка како што се *6220: Псевдостепи со треви и едногодишни растенија од Thero-Brachypodietea,

*91D0 Шумски тресетишта (*Bog woodland) и Алувијални шуми со Alnus glutinosa и Fraxinus excelsior(Alno-Padion, Alnion incanae, Salicion albae) се пприоритетни за заштита со гласно ЕУ Директивата за живеалишта.

 

-          Предели

На подрачјето на Малешево идентификувани се шест од вкупно 38 пределни типови согласно Националната Стратегија за заштита на природата (МЖСПП, 2018). Идентификуваните пределни типови влегуваат во рамки на четирипределни групи и тоа: рурални предели, шумски предели, предели на брдски пасишта и предели на планински пасишта.

 

-          Биолошка разновидност

Климата, релјефот, составот на подлогата и др. придонеле за развиток и опстојување на мошне богата биолошка разновидност на просторот на Малешево (Малешевски Планини и Влаина).

 

-          Дијатомејски алги

Во Република Северна Македонија досега се познати околу 1600 видови дијатомеи (силикатни алги), од околу 100.000 засега познати видови во светот.

На просторот на Малешево, утврдени се вкупно 211 дијатомејски таксони.

При тоа, во најголем дел од дијатомејската флора беше составена од космополитски (широко распространети) видови со следната екологија: олиготрофни, толерантни кон загадување и еутрофикација, ацидофилни и аерофитни видови. Значајно е присуството на релативно голем број засегнати и ретки видови, пред сè во тресетиштата. Како ретки видови утврдени се Caloneis aerophila, Navicula medioconvexa, Nitzschia subacicularis, Psammotidium rechtensis и Stauroneis prominula. Како најзначајни локалитети, со вкупно утврдени 151 вид се тресетиштата на Буковиќ, Пехчево (локалитет Ванчова Чешма), како и Јудови Ливади.

 

-          Габи

На подрачјето на Малешево констатирани се 382 вида на габи, од кои 183 вида се териколни, а 199 се лигниколни. Најголемиот број видови (346) припаѓаат на типот Basidiomycota (од кои 15 се гастероидни габи), систематизирани во педесетина различни фамилии, 29 вида припаѓаат на типот Ascomycota и 6 вида на типот Myxomycota (Protozoa)

Извршена е инвентаризација и валоризација на 57 вида габи од кои шест вида се дел од Националната црвена листа на габи.

Најзначајни се Helvella atra, кој е загрозен вид (EN) и Dentipellis fragilis – ранлив вид (VU) кои се среќаваат многу ретко на паднати стари букови стебла и пенушки. Девет вида се дел од Европската црвена листа на габи и припаѓаат на категориите со среден и низок степен на загрозеност кај кои е констатирано масовно исчезнување и се познати случаи на исчезнување на национално ниво. Видот Russula fragrantissima е прв наод за фунгијата на Македонија, додека за 11 вида Малешевските Планини и Влаина се единствени локалитети во државата. Останатите 35 вида претставуваат ретки видови.

 

-          Виши растенија

Врз основа на постојните флористички  литературни податоци за Малешевските Планини и Влаина, како и реализираните теренски истражувања утврдено e присуството на 62 фамилини, претставени со 390 растителни видови. Најдоминантни фамилии во флората се Asteraceae со 24 родови и 39 видови од дикотилните растенија и Poaceae (24/33) од монокотилните растенија. Покрај нив со поголем број на родови и видови се застапени и фамилиите Fabaceae, Lamiaceae, Caryophyllaceae, Brassicaceae, Apiaceae, Rosaceae, Fabaceae, Boraginaceae и Ranunculaceae (од дикотилните растенија), Cyperaceae и Juncaceae (од монокотилните растенија).

На листата (Corine) регистрирани се два вида – Drosera rotundifolia L. (Corine Mk) и Ranunculus fontanus C. Presl. (Corine EU), додека во својство на значајни видови во состав на идентификуваното значајнo растително подрачје – Пехчево: Јудови ливади (IPA Category) регистрирани се Centunculus minimus L., Drosera rotundifolia L., Juncus capitatus Weig., Juncus  tenageia Ehrh, Ranunculus fontanus C. Presl., Sphagnum spp.

Малешево претставува единствено наоѓалиште во Р. С. Македонија за  растителните видови: Drosera rotundifolia L., Seseli annuum L., Cephalaria uralensis (Murray) Roem. & Schult. и Senecio hercynicus Herborg.

 

-          Безрбетни животни

На подрачјето на Малешево (Влаина и Малешевските Планини) истражени и утврдени се видови од групатата на полжавите, дневните пеперутки, вилинските коњчина, скакулците, тркачите, сапроксилните тврдокрилци, пајаците и водните макроинвертебрати. Безрбетната фауна се карактеризира со голема бројност и диверзиитет на видови.

 

-          Полжави

Малакофауната на Малешевските Планини е претставена со 30 таксони (26 од теренските истражувања и 4 од литературните податоци). Повеќето од видовите имаат широко распространување, но два се балкански ендемити (Alinda serbica и Cattania haberhaueri). Ретки видови за Р. С. Македонија се Columella edentula (втор наод), Nesovitrea hammonis (не е добро познато распространувањето), Platyla similis (нов вид за државата) и  Vertigo af. substriata (нов вид за државата). Индикатор за разлижни типови живеалишта се: Columella edentula и Carychium minimum за влажни; Acanthinula aculeata, Aegopinella minor, Arion silvaticus, Cochlodina laminata, Daudebardia rufa, Merdigera obscura и Punctum pygmaeum за шумски. Според Welter-Schultes (2012) индикатор за кисели почви е Nessovitrea hammonis.  Најголем дел од видовото богатство е регистрирано во широколисните шуми и покрај реките, но дури и таму се среќаваат со мали популации.

 

-          Дневни пеперутки

Вкупно регистрирани се 73 видови дневни  пеперутки на 21 локалитет и 18 живеалишта на подрачјето Малешево. Најмногу видови се регистрирани на локалитетот Беровско Езеро (37 вида) и Клепало (36).

Од видовите кои се значајни за заштита се издвојуваат 6 таксони: Phengaris arion, Pieris balcana, Colias caucasica balcanica, Parnassius menmosyne, Polyommatus eros eros,  и P. eros eroides.

 

-          Вилински коњчиња

Регистрирани се вкупно 27 видови вилински коњчиња во подрачјето на Малешево. Од живеалишта погодни за развој на вилинските коњчиња во подрачјето присутни се течечеки (потоци и реки ) и стоечки водни екосистеми (тресетишта и бари). Изворишниот дел на Брегалница, сливот на Пехчевска, Клепалска и Заменичака Река поддржуват присуство на поголем број значајни видови за заштита.

Вкупно 8 видови имаат конзервациско значење согласно ЕУ Директивата за живеалишта и Црвените листи на IUCN (Coenagrion pulchellum, Cordulegaster bidentatа, C. heros, C. picta, Onychogomphus cecilia, Caliaeschna microstigma, Cordulia aenea и Sympetrum depressiussculum). Повеќето претставници се поврзани со речните екоситеми, а три од нив преферираат блатни екосистеми (Еленско Балто и локвите околу Ченгино Кале).

 

-          Скакулци

На просторот на Малешево регистрирани се 37 видови скакулци, односно 21% од скакулците познати за Македонија. Три видови имаат европско и локално конзервациско значење, од кои два се балкански ендемити (Metrioptera tsirojanni и Psorodonotus fieberi). Poecilimon pechevi е ендемит кој е проценет како критично загрозен вид (CR) според Европската црвена листа.

 

-          Тркачи

За тврдокрилната фауна на Малешево еконстатирано присуство на вкупно 73 видови кои припаѓаат на 30 родови од фамилијата Carabidae

 

-          Сапроксилни тврдокрилци

Во подрачјето Малешево се утврдени околу 25 видови сапроксилни тврдокрилци. Регистрирани сеединки на видовите вклученина анексите II и IV од Директивата за хабитати: Cucujus cinnaberinus – блиску засегнат вид (NT), Morimus funereus и Rosalia alpinа – ранливи видови  (VU) и Lucanus cervus – блиску засегнат вид (NT).

 

-          Пајаци

Вкупно се регистрирани 85 видови пајаци од 18 семејства За прв пат на национално ниво се наведуваат видовите:

Saaristoa firma, Styloctetor compar и Tenuiphantes alacris

Во подрачјето се среќаваат 10 балкански ендемити: Cybaeus balkanus, Harpactea bulgarica, H. srednagora, Inermocoelotes karlinskii, I. kulczynskii, Lepthyphantes centromeroides, Palliduphantes byzantinus, Pardosa tasevi, Tegenaria rilaensis и Zodarion ohridense

 

-          Водни макроинвертебрати

Врз основа на сите дoсегашни библиографски податоци утврден е релативно висок (142) број натаксони. Деталната анализа на колекционираните материјали од теренски истражувања утврди присуство на 45 таксони од кои 17 се нови за просторот на Малешево, а еден од нив и нов за фауната на Р.С. Македонија. Утврдено е присутство на поточниот рак (Austropotamobius torrentiuм), кој е вклучен на Анекс II од Директивата за живеалишта 92/43/ЕЕC. Видот е утврден на 16 локалитети. Шест видови се балкански ендемити, а околу 20 видови се ретки во државата.

 

-          Рбетни животни

Рбетниците на просторот на Малешево се преставени со видови од класите на рибите, водоземците, влекачите, птиците и цицачите и се карактеризираат со диверзитет на видови.

-          Риби

Ихтиолошките истражувања покажуваат присуство на 8 видови риби во главните водотеци од Малешевските Планини, од кои 7 нативни (Salmo macedonicus, Barbus balcanicus, Squalius vardarensis, Alburnoides bipunctatus, Gobio balcanicus, Barbus macedonicus и Barbatula barbatula) и еден интродуциран вид (Oncorhynchus mykiss). Шест видови риби имаат конзервациско значење. Македонската пастрмка (Salmo macedonicus) и црната мрена (Barbus balcanicus) се наоѓаат на Анекс II од Директивата за живеалишта. Вардарката (Alburnoides bipunctatus) е вклучена во Анекс III од Бернска Конвенција. Останатите три видови се балкански или ендемити за Вардарскиот Слив.

 

-          Водоземци и влекачи

Утврдени се 11 видови водоземци и 16 видови влекачи со вкупно 305 записи во тек на теренски истражувања. За Малешевските Планини се регистрирани 78.5% од видовите на водоземци и 50% од видовите на влекачите од вкупниот број на видови на национално ниво. Зоолошката анализа на овој регион покажува дека има богат диверзитет на водоземци и влекачи. Сите видови водоземци и влекачи имаат конзервациско значење.

За водоземците според Национална црвена листа: Triturus karelinii и Rana temporaria се загрозени видови (EN); Lissotriton vulgaris и Triturus macedonicus се ранливи видови (VU). Во Додаток II на Директивата за живеалишта е наведени се 3 видови (Triturus karelinii, Triturus macedonicus и Bombina variegata).

Од влекачите според Национална црвена листа: Lacerta agilis и Vipera berus се загрозени видови (EN), Testudo hermanni и Emys orbicularis се ранлививидови  (VU). Три видови се наведени во Директивата на живеалишта, Додаток II (T. hermanni, E. orbicularis и E. quatuorlineata).

 

-          Птици

Според спроведените истражувања на Малешево утврдени се 116 вида на птици што претставува 36,5% од фауната на птици во Р. С. Македонија. Од нив, 25 вида птици се издвојуваат како значајни видови. Култивираните предели со присуство на 61 вид се издвојуваат како хабитатен тип со најголем број видови, но и боровите шуми (54 вида), буковите шуми (52 вида) и планинските пасишта (50 вида) се хабитатни типови со 50 или над 50 евидентирани видови. Грлицата (Streptopelia turtur) е ранлив вид  (VU) според европската и Светската Црвена Листа на птици. 19 видови птици се вклучени на Додатокот I од Директивата за птици.

Во прилог II на Бернската конвеција се вклучени вкупно 85 видови. Според националното законодавство 16 вида се водат како строго заштитени, додека 8 како заштитени видови. Како значајни видови според нацрт-националната листа за птици за идентификација на Натура 2000 подрачја се издвојуваат 25 видови.

 

-          Цицачи

Според литературните податоци и резултатите од теренски истражувања спроведени во периодот 2018–2019 година утврдено е присуството на 43 видови цицачи, што претставува околу 49% од вкупниот број на цицачи во Р.С. Македонија.Еден вид цицач е ранлив вид (VU) според Глобалната Црвена листа на загрозени видови. Вкупно 15 видови се вклучени во Додаток II и 14 видови во Додаток III од Бернската конвенција. Шест видови се наведени во Анекс II и IV, 10 видови во Анекс IV, 2 видови во Анекс V и 1 вид во Анекс II, IV и V од ЕУ Директивата за живеалишта. ВоДодаток II од Бонската конвенција се опфатени вкупно 13 видови.

Според Законот за ловство 5 видови се под трајна заштита, додека три видови имаат заштита со ловостој.

Согласно одредбите на Законот за природа три видови се прогласени како строго заштитени, а четири како заштитени диви видови.