Младите се основната авангардна сила на промените во општеството. Одржана јавна дебата по предлог- текстот на Националната стратегија за млади 2023-2027г.

Министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова учествуваше на јавната дебата по Предлог- текстот за Националната стратегија за млади 2023-2027г. што денес се одржа во Скопје. Дискусијата беше организирана како завршен настан од процесот за подготовка на новата петгодишна национална стратегија за млади, пред усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Младите се основната авангардна сила на промените во општеството. Одржана јавна дебата по предлог- текстот на Националната стратегија за млади 2023-2027г.Националната стратегија за млади е насочена кон сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, а опфаќа осум тематски области: младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприемништво и поддршка пред вработување и безбедност. Истата се занимава и со повеќе интердисцилинарни теми како што се: род, животна средина, дигитализација и недискриминација. Таа ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општеството кои водат кон подобрување на социо-економската состојба на младите и средината во која живеат, како и кон создавање на услови што ќе им овозможат на младите да ги остваруваат своите права, потреби и интереси.

DSC_0149Настанот е во организација на Агенцијата за млади и спорт, а поздравни обраќања имаа директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал, постојаниот претставник на УНДП во РСМ Армен Грегоријан и шефицата на Канцеларијата на УНФПА во Скопје Афродите Шаља.

DSC_0136Процесот на креирање на новата Националната стратегија за млади 2023-2027г е во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од Фондот на Обединети Нации за градење мир имплементиран од страна на УНДП, УНФПА, УНЕСКО И УН Жени, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).

DSC_0142