Министерот Изаири во посета на о. Врапчиште

(06.01.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ја посети општина Врапчиште, при што оствари средба со градоначалникот Бајрам Кадрија.

На средбата се разговараше за можната соработка меѓу општината и министерството, како и за понатамошно продолжување на реализацијата на тековните и идните проекти.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе обезбеди средства за инфраструктурни објекти на седум локации во општината, со што ќе биде решен проблемот со вода за пиење во сите населени места во општината, вклучувајќи го и селото Неготино. Исто така, министерот Изаири напомена и дека проблемот со отпадот, со кој со години се соочува оваа општина, наскоро ќе биде решен.