Министерот Амети оствари средба со американскиот амбасадор Бејли

ambasador-bejli-2(13.09.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска, оствари прва работна средба со aмбасадорот на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката на полето на животната средина при што беа разгледани можностите за заеднички пристап кон решавање на стратешките цели како што се: заштита на природните вредности, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, развивање на зелени агенди за локални стратегии за климатски промени како и други теми кои се значајни во доменот на заштитата на животната средина.

Министерот Амети искажа посебна благодрност за досегашната поддршка од страна на Американската амбасада кон Министерството за животна средина и просторно планирање како и за континуираната помош во развивање на плановите и програмите за подобрување на квалитетот на животната средина.