МЖСПП на панел за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделството

Министерството за животна средина и просторно планирање, претставувано од државниот советник за климатски промени, Теодора О. Грнчаровска, учествуваше на настанот  „Дијалог помеѓу засегнатите страни за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделството“, под логото на проектот “Carbonica”, а во организација на  AгФутура Технологии.

2 МЖСПП на панел за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделствотоНа панелот Грнчаровска ги претстави предизвиците во процесите на транспозиција и имплементација на законодвството од областа клима, потребата од обезбедување на адекватна инфраструктура и административен капацитет,  потребата од партнерства со научната и бизнис заедницата и потребата за нивно прилагодување кон потребите,  со цел креирање на мудри политики засновани на научни докази кои обезбедуваат околина за обезбедување на соодветни одговори на предизвиците од законодавната агенда и реформските програми, особено во делот на мониторирање/известување и верификација на емисиите на стакленичките гасови (кое е дел од Програмата за раст на државата).

1 МЖСПП на панел за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделствотоЦелта на настанот е да ги собере клучните чинители, експерти, креирачи на политики, земјоделци, владини агенции, истражувачки институции, невладини организации и академици во областа на одржливото земјоделство и зачувување на животната средина, со специфичен акцент на јаглеродниот отпечаток.

3 МЖСПП на панел за намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделството