Макрадули: Поинтензивна соработка со државите од Западен Балкан

IMG-4a9227a5ecad9bdac044b304c626c1e8-VВо рамките на СОР 23, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули присуствуваше на денешниот министерски состанок на Источно Европската Група при УНФЦЦЦ,  по што оствари билатерална средба со заменик министерот за животна средина и води на Република Бугарија,  Атанаска Николова.

Имајќи предвид  дека Република Бугарија од 1 јануари 2018г. е претседавач на ЕУ, а Западниот Балкан им е во приоритетите, на средбата беше договорена поинтензивна соработка. Николова изрази подготвеност на средбите на министрите од ЕУ целосно да бидат вклучени и министрите од Западен Балкан.