ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 3/2018 за унапредување на административни службеници

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 год., бр. 01-1832/4 од 21.03.2018 год.,бр.01-1832/6 од 02.04.2018 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 3/2018 за унапредување на административни службеници во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (двајца) административни службеници на следните работни места:

1. УПР 01 01 Б03 000, Помошник раководител на Сектор за индустриско загадување и управување со ризик, Сектор за индустриско загадување и управување со ризик – 1 (еден) извршител

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
-    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Металургија, Хемија, Машинство

најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

-    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- потврда за положен испит за административно управување

За работното место под број 1 платата е во нето износ од 31.305,00 денари.

2.УПР 01 01 Б01 000, Државен советник за работа на проекти и развој-1 (еден) извршител

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
-    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки

-    најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавниот сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;

-    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија

(англиски, француски, германски),
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- потврда за положен испит за административно управување
Распоред на работното време:

Работни часови во неделата: 40

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

За работното место под број 2 платата е во нето износ од 36.855,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за ситематизација во Министерството за животна средина и просторно планирање, при ова административните службеници треба да ги исполнува и следните услови:

-    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-    да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса наОдделението за управување со човечки ресурси

Coveckiresursi@moеpp.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
-    потврди за успешно реализирани обуки и/или
-    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

ПРИЈАВА

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.