Заменик министерот Темелковски засадуваше садници во Демир Капија

6Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и градоначалникот на о. Демир Капија, Трајче Димитриев се вклучија во акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“ со засадување на садници на локацијата Прждево.

Со поддршка на локалното население на локацијата беа засадени 40 илјади садници на површина од 10 хектари.