Активностите Владата и МЖСПП за справување со климатските промени препознати од Директоратот за клима на ЕК

photo_sostanok so DGМинистерот Нуредини одржа виртуелен состанок со Mауро Петричионе генерален директор на Директоратот за клима на Европската Комисијана кој се зборуваше за напредокот на државата во развивањето на климатските политики во правец на редуцирање на стакленичките гасови, потребната праведна транзиција кон чиста енергија и општо подобрување на животната средина, што на долг рок значи помалку целокупни трошоци и повеќе зелени работни места.

На состанокот,министерот Нуредини информираше за чекорите кои МЖСПП ги презема во насока на усогласување на својата правна и стратешка рамка со таа на ЕУ, како и за статусот на имплементацијата на препораките од страна на ЕУ во областа клима. Генералниот директор Петричионе изрази подготвеност Директоратот за клима, во рамките на своите капацитети, да помогне во дообликувањето на конечното национално законско решение и страшката рамка за климатска акција.

Министерот Нуредини, исто така, сподели информации за напредокот на владината постапка за усвојување на Третиот двогодишен извештај за климатски промени и засилениот национален придонес кон Договорот од Париз, како двамногу важнидокументаза поставување на патеките за декарбонизација на државата. Препознавајќи ја активноста на Владата и МЖСПП во оваа област, генералниот директор Петричионе упати пофални зборови посочувајќи ја Република Северна Македонија како најпозитивен пример во регионот во креирање и имплементирање на политиките за зелен раст и развој.