Шукова: Секогаш сме отворени за соработка која ја поддржува зелената транзиција

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со македонската делегација составена од релевантни институции одржа состанок со американската бизнис делегација, која од 1-3 март е во посета на нашата држава. Фокусот на разговорите беше енергетската транзиција и инвестициската клима за зелени инвестиции во државата, како и можностите за соработка. Имено, на Конференцијата на ОН за климатски промени во Шарм Ел-Шеик, Египет (COP27), специјалниот претседателски пратеник на САД за климата Џон Кери објави нова иницијатива наречена Проект Феникс, со цел да го отвори патот за забрзана глобална транзицијаод фосилни горива кон почисто, независно и посигурно снабдување со енергија.Sostanok_minister-amerikanska_biznis_delegacija

Во состав на американската бизнис делегација присуствуваа високи претставници од повеќе американски компании, како и специјалниот претставник на Канцеларијата за глобална соработка Дороти Мек Аулиф. Од нивна страна беше претставен проектот Феникас и е укажано дека Северна Македонија е во групата на држави идентификувани како подобни за имплементација на истиот. Средбата беше можност да се разменат информации како појдовна основа за разгледување на можностите за пројавување на интерес и идна соработка.