Остварена средба со градоначалникот на општина Теарце

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири.

Остварена средба со градоначалникот на општина Теарце

На средбата се разговарaше за тековниот проект за изградба на канализациона мрежа за населено место Теарце финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така стана збор и за можностите и достапноста на различните нови Програми на Министерството.