Учество на годишен состанок на националните GLOBE координатори

Во периодот од 17.10.2022 година до 21.10.2022 година во Омиш, Хрватска, се одржа состанок на националните GLOBE координатори од сите земји од Европа, вклучени во програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина, односно вкупно учествуваа претставници од 26 земји.Globe_Omish_HR

На состанокот од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваа Катерина Николовска, Национален GLOBE координатор и GLOBE тренер и Ана Димишкова, заменик Национален GLOBE координатор, кои ги спроведуваат активностите на GLOBE Програмата во Северна Македонија.Globe_Omish_HR_1

Овој состанок беше од особена важност за одржување на средба со координаторите и заменици координатори од останатите земји вклучени во GLOBE програмата од евро-азискиот регион, како и претставници од канцеларијата за имплементација на програмата од САД.

Првите два дена се споделија искуства и мислења во однос на програмските активности, презентација на добра пракса за обуки од земјите учеснички, формални аспекти од имплементација на GLOBE програмата на национално ниво, понатаму имплементација на процесот на сертифицирање на тренери и мастер тренери, избор на нови членови на бордот како и планови за престојниот период од 2022-2023.Globe_Omish_HR_2

Исто така, останатите денови имаше и обука за различни аспекти за подбрување на имплементацијата на GLOBE Програмата преку споделување на успешни проекти и промоција на можности за соработка. На крај беше организирана посета на основно училиште кое успешно ја имплементира програмата.Globe_Omish_HR_3

Беа доделени и сертификати за учество на регионалниот состанок.