Годишен состанок на Национални координатори за соработка со Европска агенција за животна средина – ЕЕА

Во периодот од 10.10.2022 година до 14.10.2022 година во Копенхаген, Данска, во просториите на Европската агенцијата за животна средина се одржа еден од редовните годишни состаноци со физичко присуство, согласно измените воведени поради Ковид пандемијата.Sostanok EEA

Овој состанок беше од особена важност за Националниот координатор (NFP) Катерина Николовска, поради одржување на координација со колегите од останатите земји членки и соработнички и претставниците од ЕЕА, во однос на потребите за имплементација на новата EIONET структура и предизвиците поврзани со овој процес. Поради обемните барања од страна на земјите во однос на унапредувањето на комуникацијата и координацијата во работните тематски групи и потребите за усогласени мислењата и ставови во однос на овие прашања, како и за редовните работните тематски активности на ЕЕА. Процесите за модернизација на EIONET мрежите покажаа дека е потребно време за земјите да се адаптираат на новите структури и како дел од дискусиите се одржаа презентации од страна на земји членки на ЕУ и од страна на програмските раководители во ЕЕА. На овој состанок, исто така беше дискутирано и за придонесот кон драфт-документот за принципите и процесите на таканареченото – ко-креирање и ко-авторство во рамки на EIOENT мрежата, за што и земјите соработнички со ЕЕА имаат свој удел. Организирањето на таканаречени процеси на ко-креирање на заеднички EIONET информациски производи, извештаи или други активности се од особена важност и за земјите од Западен Балкан кои се повеќе учествуваат во редовната работа на ЕЕА.

Претставниците од Европската Комисија исто така одржаа презентација за своите очекувања за наредниот период, како и самиот Извршен Директор на ЕЕА, Ханс Бруининкс.

Од особена важност беше и можноста за координацијата со ЕЕА во однос на регионалните IPA активности и најавата за новиот IPA 3 циклус, а исто така ЕЕА ги информираше земјите од Западен Балкан за прогресот во планирање и старт на новиот програмски циклус – ИПА3.