Унапредување на соработката со ПОНТ

Министерот Нуредини денеска одржа состанок со извршната директорка на Фондот за природа за Охрид‐Преспа ПОНТ, Мирјам де Конинг, на кој се разговараше за проширувањето на поддршката на Фондот, покрај прекуграничниот Охридско‐Преспански регион, кон активности и во подрачјето на националните паркови Маврово и Шар Планина.

PONT

Фондот ПОНТ дава повеќегодишна поддршка во зајакнувањето на капацитетите,  како и со оперативните трошоци за управување со заштитените подрачја на институциите кои имаат надлежност на управување со овие подрачја, но и научниот и граѓанскиот сектор кој спроведува активности во таа насока на овие подрачја.