СООПШТЕНИЕ 30.11.2021 год.

Почитувани претставници на медиумите,

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини Ве поканува на брифинг, на 1 декември 2021 година (среда), по повод стапување на сила на одредбите за забрана за користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Брифингот ќе се одржи во 11 часот во салата на Министерството за животна средина и простоно планирање на 7 спрат. (плоштад Пресвета Богородица бр.3, спрат 7).