НУРЕДИНИ: Работиме на обезбедување на заемот од ЕБОР за што поскоро воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад

НУРЕДИНИ Работиме на обезбедување на заемот од ЕБОР за што поскоро воспоставувањеМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба  со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, АндиАранитаси на која се разговараше за апликацијата на Владата на Република Северна Македонија  за заем од 55 милиони евра за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад во петте плански региона. Заемот е наменет за изградба на основната инфраструктура, односно регионални депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила. Во моментот се работи на финализирање на документација потребна за обезбедување на заемот.

Исто така се разговараше и за апликациите за заем за проектот: Енергетски решенија за подобрување на оперативните трошоци и карактеристиките на пречистителните станици во Северна Македонија.