Наскоро завршува процесот на акредитација на Централната лабораторија

Министерот Нуредини оствари работна средба со директорот на Институтот за акредитација на РСМ Слободан Чокревски на која се зборуваше за завршување на процесот за акредитацијата на Централната лабораторија на Министерството за животна средина и простoрно планирање.

Имено, во Централната лабораторија е завршена е имплементацијата на Системот за квалитет кој го предвидува стандардот за акредитирана лабораторија ИСО 17025. Деновиве, Лабораторијата ќе достави апликација до Институтот за акредитација за проверка на способноста за исполнување на пропишаните стандарди и официјално стекнување со сертификат за акредитирана лабораторија .