Министерот Нуредини на состанок на високо ниво со директоратите на Европската комисија за приоритетите во Програмата за економски реформи 2021-2023 година

По повод Програмата за економски реформи 2021-2023 година, која се достави до ЕК на 29 јануари 2021 година и која има за цел преку конкретни реформски мерки да дејствува на клучните предизвици за конкурентноста на земјава, во рамки на дијалогот со Европската Унија за исполнување на економските критериуми денеска се одржа состанок на високо ниво помеѓу министри од Владата на Република Северна Македонија и директори во генералните директорати за проширување и соседска политика и за труд и социјална политика, како и претставник од Директоратот за економија и финансии на Европската комисија. Фокусот во 2021 година ќе биде справувањето и надминувањето на последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и поставување основи за забрзан и одржлив економски раст, зелена економија, дигитализација на процесите и општо подобрување на сите процеси и состојби во општеството.