Ќе се реконструира примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце

blace 4(16.03.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска, во с. Блаце, општина Чучер Сандево, присуствуваше на свеченото отпочнување на градежните работи од проектот „Реконструкција на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце“.

Со овој проект ќе се направи реконструкција на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце, односно предвидено е обезбедување на дополнителни количества на вода од водотекот Студенец од каде водата ќе се носи до постоечкиот резервоар со капацитет од 200м3.

Вредноста на целиот проект изнесува 33.274.555 денари, од кои Министерството обезбедува 2.500 000 денари, со која сума се покриваат трошоците за довод на вода и за делниците К3 и К7 со должина од околу 390 м.

Средствата се обезбедени преку Програмата за инвестиции во животната средина, а Министерството во 2014 година ја финансираше и изработката на техничката документација.