Учество на 3-тата глобална тркалезна маса за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) и 6-тиот состанок на работната група на страните потписнички на РИПЗ Протоколот

prtr1Во период од 06.11.2018 до 10.11.2018 година во Женева, Швајцарија, се одржи 3-тата глобална тркалезна маса за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ ) и 6-тиот состанок на работната група на страните потписнички на РИПЗ Протоколот во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

На состанокот имаше презентација и дискусија на добрите практики, заедничките предизвици и нови можности поврзани со понатамошниот развој на РИПЗ системите како што се:

• Статус на ратификација на Протоколот на загадувачи и пренос на загадувачки материи – РИПЗ

• Назначување на контакт лица од земјите потписнички

• Презентирање на Протоколот, целите и предностите кои произлегуваат од имплемтација на истиот.

• Разгледување на можности и начини за зајакнување на административните капацитети за успешно и ефикасно имплемтирање на РИПЗ Протоколот.

• Имплеметација на работниот план програм за РИПЗ.

Од Македонски информативен центар за животна средина на состанокот присустуваше Аземине Шакири – Нацинален контакт за спроведување на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија.