Состанок за проектен дизајн во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA)

Во периодот од 7-ми до 9-ти ноември 201IAEA_Viena8 година во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во Виена се одржа состанок за проектен дизајн со користење на пристап на логичка рамка. Состанокот следи по претходно одобрение од страна на IAEA за финансирање на проект на МЖСПП за набавка на инструмент за анализа на фракција на PM 10, со примена на нуклеарни технологии.

На состанокот беше презентирана Програмата за техничка помош на IAEA и беше одржана обука за процедурите во подготовка на проектни апликации, условите за безбедност, пристап за управување врз основа на резултати, пристап на проектен развој со логичка рамка, обезбедување на квалитет (QA) и се одржаа индивидуални сесии и консултации за финализирање на предлог проектните апликации.

На состанокот претставник од Македонскиот информативен центар за животна средина од МЖСПП учествуваше Мартина Спасовска, советник за моделирање и предвидување со симулација.