Категорија: Соопштенија

Известување до јавноста за пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка

Во пожарот кој денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии. На истиот спрат се наоѓаат канцелариите на Одделението за комуникација со јавност… Прочитај повеќе »

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИЈА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОЧАНИ

Ја известуваме заинтересираната јавност дека локацијата за одржување на јавна расправа во однос на Предлог Одлуката за прогласување на Осоговски Планини за заштитен предел во Кочани е променета поради можност од неповолни временски услови. Јавната расправа Кочани ќе се одржи на 18.08.2020г. на локација Спомен дом на АСНОМ, во 18 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел. За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа : Во Кочани, на 18.08.2020г., во… Прочитај повеќе »