Соопштение за јавноста 06.02.2019 год.

Ве информираме дека утре на 07.02.2019 година (четврток), министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе присуствува на промоцијата на проектот „Изградба на локален водоснабдителен систем и дистрибуција на секундарна мрежа во с. Горно Свиларе, општина Сарај“.

Настанот ќе се одржи во 12:00 часот, во населено место Горно Свиларе пред периферното училиште „Бедри Тахири“. На настанот ќе присутвува и градоначалниот на општина Сарај, Блерим Беџети.

Ве покануваме со свои екипи да присуствувате на настанот.