Известување за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентен воздух

1. Назив на Министерството: Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентен воздух.

2. Проблем: При анализа на состојбата со управување со квалитетот на воздухот во Република Македонија како главни проблеми беа утврдени следните:

-         постоечкиот начин на подготовка на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација создава тешкотии од причина што единиците на локална самоуправа немаат доволен административен капацитет за меѓусебна координација од причина што на ниво на зона се вклучени поголем број на општини со различни проблеми и извори на загадување на воздухот;

-         начинот на усвојување на планските документи на ниво на ЕЛС и проверка и одобрување на истите од страна на централната власт не се јасно прецизирани;

-         пропишаните краткорочни мерки во локалните краткорочни акциони планови, како и краткорочни мерки предложени од Интерсекторската работна група и усвоени од страна на Владата се спроведуваат со потешкотии;

-         делумно се спроведува контрола на имлементацијата на дефинираните краткорочни мерки од страна на соодветните инспекциски служби и

-         недоволен број на државни инспектори за животна средина и овластени инспектори за животна средина кои вршат контрола на спроведувањето на краткорочните мерки кои се спроведуваат во услови на аларамантно загадување на воздухот.

  1. Цел: Главна цел на Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух е воспоставување на едноставна процедура на подготовка на плановите за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови, како и ефикасно спроведување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.

За таа цел потребно е:

-         Појаснување на надлежностите и процедурите за изготвување и усвојување на планови за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови согласно препораките содржани во Програмата за реформи на единиците на локална самоуправа во областа на животната средина (усвоена од Владата на РМ во Декември 2017 година) изготвена во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво“, EuropeAid/134079/D/SER/MK. Со измените и дополнувањата на законот ќе се овозможи јасно дефинирање на надлежноста за изготвување и усвојување на планови за квалитет на амбиентниот воздух и на краткорочните акциски планови на локално ниво согласно два кумулативни критериуми – надминување на вредностите и број на население.

-         утврдување на надлежноста на Владата за спроведување на одредени краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот при надминување на прагот на алармирање.

-         овластување на други државни инспекторати и локални инспектори за вршење надзор во спроведување на краткорочните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

  1. Временска рамка за изготвување на законот:

-          Февруари и Март 2018 година – почеток на подготовката на законот и подготовка на извештај за проценка на влијанието врз регулативата и финализирање на нацрт верзија на законот и првата нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието врз регулативата;

-          средината на Март 2018 година – објава на првата нацрт верзија на текстот на законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk)и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање за доставување на коментари и забелешки по истата;

-          Април 2018 година – разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и доставување на текстот на измените и дополнувањата на законот до Владата на Република Македонија.

Паралелно со подготовката на текстот на законот ќе се работи на подготовка и на извештај за процена на влијанието на регулативата.

5. Засегнати страни:

  1. Органи на државна управа :

-          Министерство за транспорт и врски;

-          Министерство за здравство;

-          Министерство за локална самоуправа;

-          Министерство за економија;

-          Министерство за информатичко општество и администрација;

-          Заменик претседател на Владата на РМ задолжен за економски прашања;

-          Секретаријат за европски прашања;

  1. Единици на локална самоуправа

-          Општини во РМ (80 општини и градот Скопје)

-          ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа)

  1. Стопански Комори

-          Стопанска Комора на РМ

-          Сојуз на Стопански комори

-          Стопанска Комора на Северозападна Македонија

  1. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина

6.Начин на вклучување на засегната јавност:

Одржување на работни состаноци по доставените забелешки.

Текстот на измените и дополнувањата на законот задолжително ќе бидат разгледани и од страна на Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат претставници од невладиониот сектор.

7.  Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

8.   Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

infoeko@moepp.gov.mk

  1. Одговорно лице за контакт во министерството:

Светлана Ѓорѓева, раководител на Македонски информативен центар за животна средина

email: S.Gjorgjeva@moepp.gov.mk