Соопштение за јавност 08.03.2018 год.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки и градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари утре, на ден 09.03.2018 година (петок) во 12 часот ќе остварат работна средба во Општина Кичево по што ќе се изврши посета на пробната работа на пречистителната станица за отпадни води која е пуштена во употреба во декември 2017 година. Средствата за нејзина изградба се обезбедени преку ИПА 1 компонентата во висина од 8.254.353,03 ЕУР.

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.