Соопштение за јавноста 26.04.2017 год.

Ве известуваме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети ќе се обрати на завршната церемонија на Твининг проектот финансиран од ЕУ: “Зајакнување на административниот капацитет на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ” која ќе се одржи на 27 април 2017 год., во хотелот Стоун Бриџ во 10:00 часот.

Обраќање ќе имаат и Арбер Адеми, вицепремиер за европски прашања, Мауро Ди Вероли, раководител на Одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики во Делегацијата на Европска унија, Н.Е. Ренат Коблер, амбасадор на Австрија, како и Н.Е. Рамон Абароа Каранза, амбасадор на Шпанија.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.