ЈАВЕН ОГЛАС

Повик до Невладините организации во Република Македонија за избор на претставници како членови во Секторската работна група и ИПА Секторскиот мониторинг комитет за секторот животна средина и климатски акции

Почитувани Невладини организации, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во рамките на спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ја подготви Секторската повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020.
Согласно оперативната програма, МЖСПП како одговорна институција за спроведување на истата, има за цел да ја воспостави Секторската работна група како место за отпочнување на водењето на дијалог со заинтересираните чинители и донатори, како и со другите национални институции со цел воспоставување на рамка за решавање на клучните прашања и реформи кои треба да се превземат во сектoрот животна средина и климатски акции, заради успешно исполнување на барањата на ЕУ законодавството, комплементарно поддржано со инвестиции и механизми на мониторинг на спроведеното.
Во рамките на самата програма беше рефлектирана потребата за формирање на посебна Секторска работна група за животна средина и климатски акции.
Потребата од формирање на оваа работна група произлегува и од намерата да се имплементира секторски пристап во спроведувањето на странската помош и домашните средства кои поддржуваат единствена политика и програма.
Имено, Секторската работна група се воспоставува со цел да ја зајакне меѓуинституционалната соработка, да обезбеди ефективна координација на активностите поврзани со програмирање и мониторинг на ЕУ фондовите, другата билатерална и мултилатерална помош, како и да предложи мерки и активности во насока на подобрување на состојбата со животната средина и климатските промени. Секторската работна група ќе има знајачна улога во обезбедување на координацијата со донаторите каде потребите од помош и расположливите средства ќе се дискутираат и усогласуваат.
Воедно, согласно Секторската повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020, како и Регулативата за ИПА II предвидено е мониторингот на спроведувањето на програмата да се спроведува преку Секторскиот мониторинг комитет кој е составен од претставници на органите на државната управа кои учествуваат во спроведувањето на ИПА, претставници од Европската комисија, како и претставници на невладините организации.
Како еден од чинителите кои имаат значајно место во работата на Секторската работна група и Секторскиот мониторинг комитет се невладините организации кои делуваат во секторот животна средина и климатски акции во Република Македонија.

Во согласност со горенаведеното, Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве поканува да се пријавите на огласот за избор на следниве позиции:

  • 1 (еден) член во Секторска работна група;
  • 2 (два) заменик членови  во Секторска работна група;
  • 1 (еден) член во  Секторски Мониторинг Комитет за Секторска повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020 (ИПА II);
  • 1 (еден) заменик член во Секторски Мониторинг Комитет за Секторска повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020 (ИПА II);
  • 1 (еден) резервен член* во Секторски Мониторинг Комитет за Секторска повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020 (ИПА II) и
  • 1 (еден) заменик резервен член* во Секторски Мониторинг Комитет за Секторска повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020 (ИПА II).

Избраните кандидати/членови односно заменик членови ќе ги имаат следниве обврски:

  • Избраните кандидати/членови односно заменик членови ќе треба активно да заземат учество во работата на Секторската работна група односно во Секторскиот мониторинг комитет, како и активно да учествуваат и присуствуваат на состаноците;
  • Избраните кандидати/членови односно заменик членови ќе треба да вршат редовни консултации со невладините организации кои делуваат во секторот животна средина и климатски акции за прашања кои ќе бидат тема на дискусии во Секторската работна група односно Секторскиот мониторинг комитет, и
  • Избраните кандидати/членови односно заменик членови ќе треба редовно да ги информираат и да доставуваат годишен извештај пред невладините организации кои ги претставуваат за својата работа во Секторската работна група односно во Секторскиот мониторинг комитет.

Критериуми за избор

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Кандидатот да има минимум 3 години работно искуство во невладина организација која делува во секторот животна средина и климатски акции;
  2. Кандидатот да биде предложен од најмалку една Невладина Организација која има минимум три години работно искуство во секторот животна средина и климатски акции (во кандидатурата треба да се наведе месецот и годината кога невладината организација е основана);
  3. Кандидатот да има познавање на англискиот јазик и истиот да го владее (потврда за познавање на англиски јазик е потребна доколку од биографијата не може јасно да се види дека кандидатот го владее англискиот јазик);
  4. Кандидатот не смее да биде вработен во Јавна администрација или орган на државната или локалната управа (во биографијата треба да го наведе каде е редовно вработен односно статусот со вработување) и
  5. Искуство во членување во други работни тела и комисии за закони и планови (треба да бидат наведени во биографијата).

Потребни документи кои треба да се достават заедно со номинацијата се следниве:

  1. Пропратно писмо од невладината организација/и која/и го номинира кандидатот/кандидатката со наведување на позицијата за која се кандидира и тоа или како член во Секторската работна група или како член во Секторскиот мониторинг комитет;
  2. Мотивационо писмо – Кратко образложение од предложениот кандидат зошто истиот треба да биде избран/а, согласно горенаведените критериуми (максимум 500 карактери во фонт 11 во Times New Roman) и
  3. Кратка Биографија (CV) на кандидатот/кандидатката.

Ве молиме, Вашите номинациида се достават до Елена Митровска, Сектор за ЕУ, МЖСПП, на следната e-mail адреса mitrovska@live.com.
Номинациите треба да се достават и писмено на следната адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. Гоце Делчев бб (зграда на МРТВ), Сектор за ЕУ, со назнака: Номинација на преставник на НВО.Во номинациите треба јасно да се наведе за која позиција се предлага кандидатот. Предлози на исто лице за два позиции нема да бидат прифатени.
Во ваков случај, ќе биде земена во предвид само кандидатурата која пристигнала прва по електронската пошта.
Номинации треба да бидат доставени од името на Невладина организација (лични номинации нема да бидат земени во предвид).
Рокот за пријавување е најдоцна до 5 декември 2016 година до 16,30 часот.
Нецелосните номинации,  како и оние кои ќе бидат примени по истекот на рокот нема да бидат земени вo предвид.
МЖСПП на својата веб страна ќе состави листа на пристигнати кандидати во која ќе биде наведена невладината организација која што ги кандидирала на 7 декември 2016 година.

Изборот на кандидат/ка

Изборот на кандидатите ќе се изврши на 9 декември 2016 година, во просториите на ЕУ Инфо Центар, Делегација на ЕУ во Република Македонија (ул. Св. Кирил и Методиј бр.52б, 1000 Скопје), со почеток во 10 часот од страна на претставниците на невладините организации во Р. Македонија по пат на гласање со следниот распоред:

10:00 – 10:30 верифицирање на овластувањето за гласање на претставниците на невладините организации;
10:30 – 11:15  разгледување на мотивационото писмо и биографиите на предложените кандидати;
11:30 – 12:00 гласање;
12:00 – 12:30 оценување на резултатите од гласањето;
13:00 – објавување на резулатите пред присутните.

Право на гласање има секоја невладина организација преку еден претставник, кој со себе треба да понесе овластување за гласање заверено со архивски број и печат од невладината организација која ја претставува.
Гласањето ќе се врши писмено со заокружување на предложените кандидати.
Гласањето ќе го спроведува комисија составена од двајца членови од МЖСПП и претставникот од невладина организација кој е член во Секторската работна група или од него именувано лице кое е член во невладина организација.

Резултати од гласањето:

  • Кандидатот за член во Секторската работна група кој добил најмногу гласови од невладините ќе биде назначен за член во истата.
  • Кандидатот за член во Секторскиот Мониторинг Комитет за Секторската повеќегодишна програма за Секторот животна средина и климатски акции за ИПА за програмски период 2014-2020 (ИПА II) кој добил најголем број гласови ќе биде назначен за член во истиот.
  • Второрангираните кандидати се назначуваат за заменици членови.
  • Треторангиранот кандидат од номинираните кандидати за Секторската работна група се назначува за заменик член.
  • Треторангиранот кандидат од номинираните кандидати за Секторскиот Мониторинг Комитет се назначува за резервен член во истиот.
  • Четврторангиранот кандидат од номинираните кандидати за Секторскиот Мониторинг Комитет се назначува за  резервен заменик член во истиот.

Објавување
Резултатите од гласањето ќе бидат јавно објавени на веб страната на Министерство за животна средина и простoрно планирање на 9 декември 2016 година.