Соопштение за објавен тендер за избор на технологија за HCH во кругот на ОХИС

Со цел да се реши долгогодишниот проблем со техничкиот HCH отпад (линдан и неговите изомери) депониран во кругот на фабриката ОХИС, Министерството за животна средина и просторно планирање преку својата проектна канцеларија за перзистентни органски загадувачи (POPs) е во процес на реализација на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“ .

Во изминатиот период беше комплетирана целосната документација за објавување на меѓународен тендер од страна на агенцијата одговорна за имплементација на проектот UNIDO, за избор на најдобро решение/технологија за деконтаминација на малата депонија сместена во кругот на ОХИС.

Тендерот е објавен на 15.10.2019 година.

По детални иформации по однос на тендерот следетего линкот на веб страната на UNIDO
https://www.unido.org/resources-procurement/notices    Event No. 1100127349

Периодот за доставување на понуди ќе трае до 11.11.2019 година.