Потпишани уште шест договори за реализација на Програма за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот на подобрување на квалитетот на водите

DSC_0289(18.05.2015г.) Денес, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година, министерот Нурхан Изаири потпиша договори за заштита и подобрување на квалитетот на водите со градоначалниците на уште четири општини.

Со градоначалникот наопштина Чешиново-Облешево, Костадин Личков, потпишани се два договора и тоа за изработка на „Техничка документација за пречистителна станица на фекална канализација за с. Уларци“ и за “Техничка документација за пречистителна станица на фекална канализација за с. Соколарци“.

Два договора се потпишани и со градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и тоа за „Изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата во Пехчево“ и за „Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с. Црник, Пехчево“. Потпишани се договори и со градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески за „Анекс кон основниот проект за секундарна фекална канлизација за н.м. Шемшево со колектор од н.м. Жилче до р. Вардар“ и со градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку за „Изградба на фекална канализација за с. Отља“.