Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини со Директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово г-дин Давид Оберхубер

На 15 август, 2019 година Mинистерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини одржа средба со Директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово г-дин Давид Оберхубер .

На средбата се разгледуваа можностите за пренесување на германските искуства и експертиза  за управување со животната средина. Како приоритетни области се наведоа квалитет на воздух, управување со отпад и исполнување на барањата од Поглавје 27 „Животна средина“.

Министерот Нуредини истакна дека пренесувањето на германското искуство е одлична можност за нас преку координирана акција заедно со сите засегнати страни да обезбедиме поздрава животна средина на идните генерации.