Одбележан Часот на планетата

foto_kolazВо саботата, Македонија се вклучи во светската акција „Часот на планетата Земја“ и повеќе од 60-тина атрактивни локации во Скопје и низ Републиката потонаа во мрак. Мотото на годинешнава акција беше „Употреби ја твојата моќ“

- Ова е само доказ дека Македонија покажа дека ја има моќта да направи промена. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех. Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Во акцијата се влклучија повеќе општини и градови низ Републиката меѓу кои о. Аеродром, о. Ѓорче Петров, о. Карпош и градовите Велес, Струмица, Прилеп, Валандово, Охрид, но и голем број на поединци во нивните домови.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поддржа оваа најголема светска волонтерска акцијата со која јасно се пренесе пораката дека внимателното трошење на електичната енергија треба и може да прерасне во здрава навика не само на секој поединец, туку и на секоја институција, организација или компанија.