Министерот Дураки оствари средба со швајцарската амбасадорка Сутер

IMG_4994 (1)sredba so svajcarski ambasador
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер Тејада. На средбата се разменија информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и се разговараше за можните правци на продлабочување на истата.

Во разговорите акцент беше ставен на заедничките програми за заштита на природата и водите кои во изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати. Разговорите се водеа и во насока на проширување на соработката и на продлабочување на соработката и на други полиња поврзани со заштитата на животната средина.