Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош

Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

  • Ја извршува функцијата на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и на Тело за управување со програмите за животна средина во согласност со надлежностите пропишани во финансиските договори со ЕУ за релевантните програми за животна средина, уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управување со ИПА и oперативните договори за ИПА;
  • Врши приоритизација на реформи во надлежност на Министерството кои ќе бидат поддржани со средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА);
  • Врши планирање на програми и проекти во Министерството кои ќе бидат финансирани од ИПА, во координација со друга донаторска помош;
  • Обезбедува доследно следење на правилата на ЕК, ПРАГ и ФИДИК за спроведување на тендерските постапки за ИПА проектите;
  • Го следи и насочува спроведувањето на проектите и програмите во Министерството кои се финансирани од ИПА;
  • Воспоставува и го одржува функционален системот на контрола во однос на спроведувањето на ИПА проектите, преку пишани процедури за работа и договори со релевантни органи, како и преку контрола на секојдневната работа на секторот;
  • Обезбедува финансиски, човечки и материјални ресурси за навремено, ефикасно и ефективно спроведување на ИПА проектите во Министерството;
  • Ја следи одржливоста на резултатите од ИПА проектите во Министерството, како и на резултатите од реформите и промената која ја прават во општеството и др.

Работата на Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се реализира преку три одделенија:

  • Одделение за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
  • Одделение за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
  • Одделение за внатрешна контрола и координација при спроведување на инструментот за претпристапна

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е клучен инструмент на претпристапната стратегија на Европската Kомисија. Главната цел на ИПА е да им помогне на земјите во нивното усогласување со стандардите и политиките на Европската Унија, вклучувајќи го и правото на Европската Унија (acquis communautaire) во процесот на нивно пристапување кон Европската Унија, а воедно и да им се помогне на овие земји да ги исполнат претпристапните критериуми, како и политичките, економските и правните критериуми од Копенхаген за членство во ЕУ, преку зајакнување на капацитетот на администрацијата и подготовка за програмирање, управување и спроведување на кохезивните, структурните фондови и фондовите за рурален развој на ЕУ по нивно пристапување во Унијата.

ИПА 2007-2013 (ИПА I)

ИПА е воспоставен како резултат на реформата на Европската Kомисија за надворешна помош, при што правната рамка за регулирање на односите беше продолжена со подготовката на финансиската перспектива 2007-2013. ИПА е формиран како единствен претпристапен инструмент за периодот 2007 – 2013 година, кој ги замени претходните програми за помош како PHARE, ISPA, SAPARD, CARDS и Инструментот за претпристапна помош за Турција. ИПА е основана со Регулативата на Советот бр. 1085/2006 од 17.07.2006 година (ИПА Рамковна регулатива), додека правилата за спроведување на ИПА беа воспоставени со Регулативата на Европската Комисија бр.718/2007 од 12.06.2007 година (Регулатива за спроведување на ИПА).Во рамките на ИПА I се спроведени повеќе проекти.

ИПА 2014-2020 (ИПА II)

ИПА како поддршка на Европската Унија продолжи да функционира и за финансиската перспектива/период 2014-2020 година, преку Инструментот пошироко познат како ИПА II.

Користењето на средствата од ИПА II е определено со соодветните Регулативи (Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за воспоставување на ИПА II (Сл. Весник L, 15.03.2014), Регулатива (ЕУ) бр. 236/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за утврдување заеднички правила и постапки за спроведување на инструментите на Унијата за финансирање надворешна акција (Сл. Весник L, 15.03.2014) и Регулатива (ЕУ) бр. 447/2014 за спроведување на Комисијата за посебните правила за спроведување на Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот за воведување на ИПА II Сл. Весник L 132, 03.05.2014), според кои ИПА средствата се управуваат на децентрализиран начин секогаш кога е тоа можно. Децентрализираното управување со средствата од ИПА помошта е воспоставено со цел да се овозможи управување со средствата од страна на земјите кориснички на помошта. При децентрализирано управување со средствата од ИПА помошта, Комисијата на Европската унија делегира дел од своите овластувања на земјата корисничка. Пред носење на одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување за конкретна компонента, програма или мерка на земјата корисничка, Европската Комисија бара исполнување на определени критериумите со кои се однесуваат на системите за управување и контрола, како и условот националнитe акредитации да бидат донесени и влезени во сила. Исто така, пред конечното пренесување на надлежностите за децентрализирано управување, Комисијата повторно ги разгледува националните акредитации, постапките и структурите на секое од телата и органите кои се дел од структурата за управување со претпристапната помош ИПА во земјата корисничка. Одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување со ИПА помошта за имплементација на определена програма содржи листа проверки кои се вршат од страна на Европската комисија.

ИПА 2021-2027 (ИПА III)

Европската Унија донесе сет на регулативи со кои се регулираат правилата за имплементација на инструментите за надворешна помош на Европската Унија. Регулативата 1529/2021 на Европскиот Парламент и на Советот за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), беше донесена на 15.09.2021 година. Истата ги регулира општите правила во врска со ИПА III помошта, целите и приоритетните области на помошта, стратешко планирање, имплементација, финансискиот пакет и други одредби специфични само за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:

  • Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија;
  • Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација;
  • Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност;
  • Прозорец 4: Конкурентност и инклузивен раст и
  • Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.

Во рамки на прозорецот 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност предвидени се тематски приоритети 1 – Животна средина и климатски промени и 2 – Транспорт, дигитална економија, општество и енергија.

 

Весна Индова Точко

Раководител на сектор - ИПА
Е-пошта: v.indova@moepp.gov.mk
 
 
Опис на работната позиција

Креирање на политики и координација на активности поврзани со ЕУ програми за искористување на средства од ИПА фондовите и предлагање на мерки за реализација на истите.

Листа на обврски-одговорности:

  • Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, врши распоределување на работите и задачите во секторот;
  • Ја координира финансиската помош од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, проектите финансирани од Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), проектите поддржани од меѓународни финансиски институции, како и другата странска мултилатерална и билатерална помош, и обезбедува комплементарност;
  • Ја координира работата помеѓу одделенијата во секторот и Проектна единица за имплементација на инфраструктурни проекти;
  • Ја врши функцијата на ИПА Координатор и Раководител на Телото за управување со програмите за животна средина;
  • Известува за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата за потребниот буџет за национално кофинасирање и на ИПА средствата и ја следи нивната реализација;
  • Ја врши фунцијата на Службеник за нерегуларности и Службеник за управување со ризици и е одговорен за спроведување на овие процедури;
  • Го координира спроведувањето на обврските на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и обврските на Телото за управување со програмите за животна средина предвидени во програмите за животна средина финансирани од ИПА III, финансиската спогодба, Уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управање со ИПА, Оперативните договори,  Прирачниците за внатрешни процедури за работа и други насоки од НИПАК, НАО и ЕК;
  • Обезбедува спроведување ревизија на работата на секторот и постапува по ревизорските наоди;
  • Претседава со Секторскиот комитет за следење на програмите за животна средина и ја координира работата на Секторска работна група за животна средина и климатска акција;
  • Го координира процесот на подготовка на листата на проекти во делот животна средина и климатска акција како дел од единствената листа на проекти која ја одобрува Националниот инвестициски комитет.

Емилија Атанасовска

Помошник раководител на сектор - ИПА
 
 
Опис на работната позиција

Помага во работењето на раководителот на секторот во делот на креирање на политики и координација на активности поврзани со управувањето со проекти во рамки на ИПА

Листа на обврски-одговорности:

  • Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на сектор, го заменува во делокругот на управувањето со проекти финансирани од ИПА и го известува за преземените дејствија во негово отсуство;
  • Помага на раководителот на секторот во давање на потребната стручна помош на одделенијата во секторот при вршење на најсложени работи и задачи за спроведување на проектите финансирани од ИПА;
  • Иницира и врши анализа и решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот за спроведување на проектите финансирани од ИПА, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот;
  • Се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот во врска со управувањето со проектите финансирани од ИПА;
  • Обезбедува спроведување ревизија на работата на секторот и постапува по ревизорските наоди;
  • Помага на Раководителот на Секторот за координирање работата помеѓу одделенијата во секторот во делокругот на управувањето со проекти финансирани од ИПА во областа животна средина;
  • Помага на Раководителот на Секторот во координирањето на активностите со крајните и останати засегнати страни во делокругот на управувањето со проектите финансирани од ИПА во областа животна средина;
  • Помага во подготовката на извештај за стекнати искуства и научени лекции („Lessons Learned“) од управувањето со програмите и проектите како Тело за управување со програмите за животна средина;
  • Го заменува раководителот на сектор во претставување на секторот, претседавање и учество на состаноци.
     

Емилија Атанасовска е родена на 14.01.1981 во Тетово. Средно училиште завршува во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” - Тетово (природно-математичка насока)

 

Образование
  • Магистер по технички науки од областа на градежништвото (хидротехничка насока)
  • Дипломиран градежен инженер (конструктивна насока)
Информатички технологии
  • Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Останати јазици
  • Англиски
  • Српски
  • Хрватски
Работно искуство
  • 16.05.2007 – во тек, Министерство за животна средина и просторно планирање
  • 08.08.2006 – 16.05.2007, Генерален Секретаријат - приправник
  • Јули-октомври 2003, Гисдата, Скопје - оператор за внесување податоци во гис-база
  • Ноември 2003-мај 2005, Гисдата, Скопје - гис-оператор за обработка на картографски податоци
  • Октомври 2011 - март 2012, Aрхитектонски факултет -Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје - демонстратор
Публикации
  • Donevska K., Atanasovska E. and Spirovski D., “Groundwater Contamination Beneath an Uncontrolled Landfill Rusino”, Republic of Macedonia - ISWA World Congress 2016, Novi Sad, Serbia, 19-21.09.2016
  • Samardzioska T., Trombeva-Gavriloska A., Atanasovska E., Lazarevska M., Goxha L., “Energy efficient measures in Macedonian Apartments”, 12th International scientific conference on planning, design, construction and building renewal, 2012, Novi Sad, Serbia
  • Samardzioska T., Atanasovska E., “Reinforced Concrete Gallery at the Access Road to Matka 2” – 13-th International symposium of MASE (Macedonian Association of Structural Engineers), Ohrid, R. Macedonia, 14-17 October 2009
  • “Comparative Dynamic Analysis of a High-rise Building with Infill Masonry and Drywall Systems” – International scientific-professional symposium: Civil Engineering-science and experience, Zabljak, Montenegro, 20-24 February 2006
  • “Comparative Dynamic Analysis of a High-rise Building with Infill Masonry and Drywall Systems” – 11-th International symposium of MASE (Macedonian Association of Structural Engineers), Ohrid, R.Macedonia, 28-30 September 2005

Одделението за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

  • Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и Тело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира техничкото спроведување на програмите и проектите финансирани од ИПА;
  • Го подготвува, следи и ажурира планот за спроведување на тендери, со учество на Телото за посредување за финансиско управување (МФ – ЦФСД);
  • Ги координира подготвувањето и измените на тендерската документација (проектни задачи (ToR), техничките спецификации, тендерски досиеја) и сите други документи поврзани со тендерската постапка за проектите, во блиска координација со Телото за посредување за финансиско управување (ЦФСД);
  • Врши детален преглед и контрола на квалитетот на тендерската документација и сите други документи поврзани со тендерските постапки пред нивно доставување до ЕК/ДЕУ;
  • Помага во подготовката на извештај за стекнати искуства и научени лекции („LessonsLearned“) од управувањето со програмите и проектите;
  • Обезбедува соодветни членови во комисиите за евалуација на тендерите, како и дополнителни податоци и документи потребни за успешна евалуација на тендерите за проектите за животна средина и др.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Одделението за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

  • Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и Тело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира програмирањето и мониторингот на програмите и проектите финансирани од ИПА;
  • Обезбедува информации за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата, и ја следи нивната реализација преку следење на НПАА и останати стратешки документи заради соодветен мониторинг;
  • Ги координира сите активности за подготовка, измена и дополнување на ИПА апликации, листи за идентификација на операции (ОИС), годишни и повеќегодишните акциски програми за животна средина финансирани од ИПА;
  • Дефинира релевантните секторски показатели/индикатори за следење на ИПА, го следи нивното реализирање, како и реализацијата на показателите/индикаторите за следење на ИПА проектите;
  • Проверува дали изведувачот ги исполнува обврските во согласност со претходно дефинираните услови и стандарди за квалитет; ја координира проверката на извештаи од страна на изведувачите; ја координира евиденцијата и контролата на распоредот на проектните консултанти; ја координира евиденцијата на работните листови (timesheet); ја координира проверката на времените ситуации и др.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

  • Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и Тело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, ги координира процесите на внатрешна контрола и поставеност согласно критериумите на ЕК;
  • Ја координира подготовката и измените на сите документи и прирачници за внатрешни процедури за работа, кои ја регулираат поставеноста и работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II/Телото за управување со програмите за животна средина, како и делегираните надлежности на Телото за посредување за финансиско управување (ЦФСД) согласно критериумите на ЕК за воспоставање и одржување на потребните контроли/контролна средина;
  • Дејствува во функција на секретаријат на секторскиот мониторинг комитет за програмите за животна средина и на секторската работна група за животна средина и климатска акција;
  • Подготвува годишна декларација за управување за секоја програма за животна средина која се финансира од ИПА, која се доставува до Националниот координатор за авторизација;
  • Следи дали завршените проекти имаат одржливи резултати и соодветно известува;
  • Врши контрола на квалитетот на документите кои се подготвуваат во ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II/Телото за управување со програмите за животна средина согласно прирачниците за внатрешни процедури за работа пред нивно формално доставување до НИПАК, НАО и ЕК;
  • Го следи обемот на работа за реализација на програмите за животна и известува за потребни ресурси за спроведување на програмите за животна средина;
  • Го организира спроведувањето на внатрешна и надворешна ревизија во ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и Телото за управување со програмите за животна средина, обезбедува потребни документи и информации и го следи надминувањето на ревизорските наоди во насока на подобрување на работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и Телото за управување со програмите за животна средина;
  • Врши проценка на ризици кои се однесуваат на поставеноста и работата на ИПА структурата на министерството во рамките на ИПА II и Телото за управување со програмите за животна средина;
  • Обезбедува поставеност и функционалност на системот за пријавување неправилности во врска со спроведување на програмите за животна средина финансирани од ИПА и др
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Проекти финансирани од ИПА

Проекти со меѓународна поддршка

Органограм

Мени за пристапност