Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Национална стратегија за апроксимација во животната средина - CARDS 2005

Вредност на проектот: 1.250.000 eur
Датум на започнување:
Датум на завршување:
Статус на проект: Завршен
 
 
Главни цели на проектот
  • КАРДС програма за 2005 “Националната стратегија за апроксимација во животната средина”
  • Проектните  задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за  апроксимација во  животна средина

 

Проектни компоненти-резултати
 

Компонента Вода

Изработка на национална стратегија за води, насоки и план за имплементација

Одговорен за компонентата: Љупка Димоска Зајков – Национален координатор на Работната група за вода

Работата  ќе се одвива низ следните 4 (четири) фази:

  1. Првична – планирачка фаза( изработка на коресподентни табели);
  2. Подготовка на планови за имплементација на специфични директиви (ПИСД) за главните директиви за вода;
  3. Подготовка на секторска стратегија за приближивање  (ССП) базирани не само на ПИСД, но исто така и на анализи на сите други соодветни закони во секторот;

 

Компонента воздух

Проектните  задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за  апроксимација во  животна средина, во случај на компонентата за воздух треба да се подготвата коресподентни табели за 4 директиви, имплемнтациони планови, од кои за две директиви и анализа на трошоци за нивна имплементација.

Одговорен за компонентата: Виларова Mаријонка – Координатор на Работната група за воздух од МЖСПП

Целта на компонентата е да се направат имплементациони планови и анализа на трошоци на директивите 96/62/ЕЦ и 2003/87/ЕЦ, имплементациони планови за директивите 2002/3/ЕЦ и 2001/81/ЕЦ, а ако има можност и средства за останатитедирективи 99/30/ЕЦ, 2000/69/ЕЦ, 99/94/ЕЦ, 99/32/ЕЦ, 98/70/ЕЦ ќе се изработат коресподентни табели и имплементациони планови.

 

Компонента Бучава

Изработка на национална стратегија за бучава, насоки и план за имплементација

Одговорен за компонентата: Тања Пауновска – Национален координатор на Работната група за вода

Катерина Николовска – Заменик координатор, Македонски информативен центар за животна средина

Целта на компонентата е да се:

  1. Изработат коресподентни табели во планирачката фаза;
  2. Подготват планови за имплементација на рамковната и специфичните директиви за бучава;
  3. Подготви секторска стратегија за приближивање и имплементација на законите;

Мени за пристапност