Тип на проект: Договор за услуги
Вредност на проектот: 1.149.804 eur
Датум на започнување:
Датум на завршување:
Статус на проект: Завршен
Главни цели на проектот
- Да се извршат неопходните анализи и проценки на моменталната состојба и условите во земјата-корисник во рамките на подготовка на долгорочна стратегија и законот за климатска акција и да се поддржи нивното усвојување и спроведување.
- Да се воспостави силен и одржлив систем за координирање на климатската акција преку развој на националната стратешка и правна рамка за климатска акција преку долгорочната стратегија и законот за климатска акција, вклучувајќи и Акциски план за почетната фаза на имплементација.
- Да се воспостави механизам за следење на емисиите на стакленички гасови во согласност со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови 525/2013 (MMR) и одредбите за спроведување на истата.
- Да се зајакне административниот капацитет во согласност со пристапувањето кон ЕУ со цел да се постигне ниско емисиона и конкурентна економија и климатски отпорно општество / економија.
- Да се подигне свеста за климатска акција, да се поддржи процесот на размена на информации помеѓу засегнатите страни и да се воспостави меѓуминистерска и меѓусекторска соработка за стратегијата и законот.
Проектни компоненти-резултати
- Спроведена анализа која вклучува аналитички и технички извештаи за специфични стратешки и правни прашања кои ќе служат како позадински податоци и придонес кон стратегијата и законот. Извештаите треба да бидат концизни, насочени кон креаторите на политиките и да се фокусираат на обезбедување на придонес за стратегијата и законот.
- Изготвен Извештај за проценка на капацитетот, административните и финансиските потреби за спроведување на стратегијата и законот, како и за законските надлежности на владините и извршните тела, со заклучок за стратегијата и законот.
- Изготвен Извештај за упатства за транспозиција и спроведување на законодавството на ЕУ за клима, со препораки за правната рамка која треба да се воспостави преку законот за климатска акција.
- Подготвен извештај за ранливоста на земјата во однос на климатските промени, базиран на основа на достапните студии, со идентификација на приоритетните цели за адаптација / климатска отпорност, вклучувајќи ја рамката за истражување и донесување на одлуки, со заклучоци релевантни за политиките кои треба да се вклучат во стратегијата и законот.
- Подготвена нацрт долгорочна стратегија за климатски акција.
- Подготвен нацрт текст на законот за климатска акција со подзаконски акти.
- Подготвени подзаконски акти за транспонирање на ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени и дополнувања, како и подготвен План за спроведување на регулативата.
- Подготвен нацрт-акциски план за спроведување на почетната фаза на стратегијата и законот.
- Подготвен План за спроведување и правна рамка за механизмот за следење емисиите на стакленички гасови, во согласност со ЕУ регулативата за механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013
- Подготвен Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на долгорочната стратегија за климатска акција.
- Испорачани обуки за поддршка на стратешката и правната рамка за климатска акција.
- Испорачани активности за подигнување на јавната свест, настани за промоција и активности за консултации со заинтересираните страни.
Активности:
- Активност 1: Почетна фаза
- Активност 2: Подготвителни анализи/проценки за долгорочната стратегија и законот за климатска акција
- Активност 3: Подготовка на нацрт долгорочна стратегија за климатски промени
- Активност 4: Усогласување на националното законодавство со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени
- Активност 5: Развој и подготовка на нацрт текст на законот за климатска акција
- Активност 6: Изработка на нацрт акционен план за климатски промени
- Активност 7: Програма за обука за спроведување на стратешка и законската рамка за климатска акција
- Активност 8: Подигање на јавната свест, промоција и консултации со засегнатите страни.
Корисници на проектот
- Министерство за животна средина и просторно планирање
Краен корисник
- Повеќе целни групи
Изведувачи
- GFA Consulting Group GmbH