Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Затворање на диви депонии и ѓубришта во источен и североисточен регион

Тип на проект: Договор за градежни работи
Вредност на проектот: 4.565.601 eur
Датум на започнување:
Датум на завршување:
Статус на проект: Завршен
 
 
Главни цели на проектот
  • Целокупната цел на проектот е да се затворат и рехабилитираат старите диви депонии и ѓубришта во источниот регион, овозможувајќи преодни услуги за одлагање на отпадот до воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад.

 

Проектни компоненти-резултати

Договорот за градежни работи за затворање на дивите депонии и ѓубришта во источниот регион го опфаќа следново:

  • Чистење на дивите депонии и мали ѓубришта во источниот регион со ископување на отпадот и транспорт на откопаниот отпад
  • Санација и затворање на минимум четири (4) стари депонии во источниот регион со преобликување и изградба на покривен слој, вклучително и системи за собирање на исцедок и гасови каде што е потребно.
  • Преобликување на минимум пет (5) стари депонии во источниот регион, изградба на дренажа за собирање исцедок, каде што е потребно. Депониите нема да бидат затворени, но остануваат во функција до завршувањето на регионалниот центар за управување со отпад.

 

Корисници на проектот
  • Министерството за животна средина и просторно планирање
 
Краен корисник
  • Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Источен регион и 11 општини од Источен регион (Штип, Пробиштип, Кочани, Карбинци, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово)
  • Општина Свети Николе и нивните јавни комунални претпријатија.
  • Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Северо-источен регион и 6 општини од Северо-источен регион (Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Kратово, Ранковце и Крива Паланка) и нивните јавни комунални претпријатија
 
Изведувачи
  • GOKSIN INSAAT LTD-BURSA
  • ESKAVATORI MK DOOEL SKOPJE
 
Сектор одговорен за спроведување
  • Сектор за Европска Унија
  • Сектор за отпад

Мени за пристапност