55ти Состанок на работната група за стратегии и прегледи во рамките на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аеозагадувањето

Zeneva_sostanok_aerozagaduvanjeВо период од 31 мај до 02 јуни 2017 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржa 55-от состанок на работната група за стратегии и преглед. Состанокот е организиран од Обединетите нации. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На работната група се дискутираше работниот план 2018-2019, а воедно од страната на претседавачите беа презентирани активностите кои се одвивале во изминатата година во работните групи за реактивен азот, моделирање и проекции како и работната група за техно-економски работи. Вториот ден од состанокот беше посветен на областа земјоделие односно беа презентирани мерките кои ги преземаат членките на конвенција за редукција на емисиите на амонијак како и статусот на имплементација на Анекс IX од Гетеборшкиот протокол од страна на земјите членки на овој. Воедно беа презентирани мерки за намалување на емисиите на испарливи органски соединенија во Швајцарија, подготовка на NERP во Франција и мерки за намалување на емисиите во Грузија.