15-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина

0301_JTFВо периодот од 24ти до 27.10.2018 година во Женева, Швајцарија, се одржа 15-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

Согласно дневниот ред се дискутираше за активностите за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина и за подобрување на онлајн платформата за споделување на избраните индикатори за животна средина, со посебен осврт на проблемите при внесување на податоците и предлози за подобрување на истата. На состанокот се заклучи дека Македонија ќе биде вклучена како земја волонтер во процесот на тестирање на онлајн платформата и ќе биде вклучена во потесната работна група за следење на активностите.

Исто така, се разгледуваа обврските на членовите на работната група и документите кои треба да бидат подготвени пред почетокот на следната министерска конференција за животна средина на која треба да бидат презентирани.

На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која беше активно вклучена во дискусијата за националните системи за известување во врска со основниот сет на индикатори за животна средина и состојбата со напредокот постигнат во однос на сите индикатори.