Учество на 23-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA)

IzvestajWGEMAKetiN2021-05-11 10.36.21На 04 и 05.05.2021година виртуелно, се одржа 23-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

На состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина учествуваше Катерина Николовска, досегашен претседавач со работната група, која беше избрана за ко-претседавач со мандат од две години. Таа е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.

  • На состанокот беше презентиран годишниот распоред на активности на Работната група за 2021 и 2022 година.
  • Секретаријатот на WGEMA ги извести членовите на работната група за конечниот извештај за преглед за воспоставување на Заеднички информативен систем за животна средина во Европа и Централна Азија.
  • Секретаријатот на WGEMA ги исто така ги извести членовите на работната група за статусот на подготовка на Извештајот за паневропска проценка на животната средина поддржн од Заедничкиот информативен систем за животна средина
  • Членовите на работната група дискутираа за меѓусебните врски помеѓу еколошките, економските и социјалните размислувања во врска со Агендата за одржлив развој во 2030 година, зелената економија и другите сродни области на работа.
  • Земјите го презентираа напредокот во мониторингот и оценувањето на животната средина, вклучувајќи ги институционалните и регулаторните механизми и инфраструктурата на национално ниво
  • Катерина Николовска учествуваше со презентација за мониторингот и оценувањето на животната средина на национално ниво.