Учество на 20-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA)

zeneva2018Во периодот од 02.09.2018 до 05.09.2018 година во Женева, Швајцарија, се одржа 20-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

Со состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина претседаваше Катерина Николовска, која беше реизбрана на функцијата за уште еден мандат. Катерина е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.

  • На состанокот детално беа презентирани годишните активности на работната група согласно продолжениот мандат, за периодот од 2019 до 2021 година
  • На барање на Комитетот за политиката за животна средина Работната група ги ревидира активностите до 2021 година, преку вклучување на мерливи резултати и давање приоритет на клучните активности во согласност со достапните финансиски ресурси
  • Презентирани беа спроведените активности за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина од неколку земји во регионоти се дискутираше за онлајн платформата за споделување на избраните индикатори за животна средина
  • Катерина Николовска учествуваше со презентација за изработка на национални извештаи за состојба на животната средина и бенефит од интегрираните извештаи за животна средина
  • Сите членови на работната група имаат обврска да ги подготват бараните материјали и да дадат коментар на документите кои треба да бидат презентирани на следната министерска конференција за животна средина.